што (зам.) - сонува (гл.)

Се престорува ова небо камен И скриени во него ќе останат очите што сонуваа да го надвишиш!
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Само во егзил може да зборуваат тие што сонуваат од двете страни на границата – пекол.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Морам да го напишам тој соновник. Морам да откријам што сонува.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Наутро ја прашувам што сонувала.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)