што (зам.) - станува (гл.)

- Ако, ако... Нека се јадоса. Треба да разбере дека не е лесно да одведе во Ресен охридска девојка... - се закикоти Атина, која за сето време ѕиркаше низ пердето и гледаше сѐ што станува во чунот.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Да, чудото што станува вечно! Но тоа чудо не се дава лесно, на машината пред мене, освен белината на листот, нема ништо друго.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Попусто е човек да му се опира на тоа што станува и што треба да стане и да ја бара чистотата на својот убав сон во средствата на остварувањето.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
А еве што се одиграваше во душата на малиот водоносец: После вечерниот разговор со старецот и сонот што го сони ноќта, во него како да се скрши нешто, одеднаш му се откри пред очите што станува околу него и каков подвиг означува борбата со блатото – она подводно чудовиште што го виде на сон.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Знаев што станува со телото, но, ако нема господ, кај оди душата што го движеше него?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Трепетлива врелина под клепките, метална болка во градите, млака, леплива крв под дланката и оддалеченост од сѐ што станува во тој ден.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
ИВАН: Ништо. Тероризмот не може без овие работи. (Ја повлекува напред и со шепот.) Зар ти мислиш дека јас немам очи и дека не гледам што станува и каде сме?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Денес, мила моја, може да се остане жив единствено ако не се праша, ако не се знае ништо, ако не се има очи и мисла за ништо од сево ова што станува околу нас. Обиди се да ми поверуваш...
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Во меѓувреме на скалите се појави жена му со запалена борина в раце, таму подзастана чувајќи го пламенот од ветерот и кога го смири, ја крена борината над глава да види што станува.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)