што (зам.) - тече (гл.)

Стануваше збор за едно речиште што течеше откај шумската куќа на падините на планината, потоа, што е најважно, двете шупурки од чешмата, арно богата и студена, како и војцата од едно мало изворче близу до чешмата, сето тоа беше го свртиле кон рибникот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Потем, како и пред тоа што течело, потече кон своето безизлезно дно - и звук, и движење, и сѐ што беше живот, надеж, искушение.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Заборавениот вагон на заборавениот колосек само можеше да сонува за главниот колосек и за животот што тече по него.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
- Направи пауза отец Иларион и продолжи: - Душата е корен во човекот; како што од коренот на дрвото се храни стеблото, гранките, лисјата, плодовите - така од неа се храни телото, видот, слухот, говорот, волјата, свеста и сè што човекот има; таа е извор од каде сѐ почнува и сѐ враќа; огледало севидливо; владател и роб; таа е целина како сонцето; сеопшта суштина; сила што обновува како соковите што го обновуваат сувото стебло давајќи му нови израстоци; таа е бунар во кој водата е матна или бистра, мирна или замрешкана; светлост затворена во пештера од крв и месо; зрачи, или потемнува; пламен и пепел; камен гранитен или прашинка; оган кој дур е под контрола е благодет, а потоа пустошник; какво тело носи, таков лик има; со менување на телото, и ликот си го менува; по неа се чита и открива човекот; често е читлива, а често загадочна; некогаш ти допушта да ѝ се вдлабиш и да ја видиш, а некогаш за миг ќе те заслепи како поглед во сонце; некогаш е живо железо што тече, поток без форма; кораб на отворено море; пространство огромно, но и теснец затворен во тајните свои; нѐ држи цврсто како градба, верно нѐ придружува, но не знаеш во кој миг ќе нѐ изневери...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Дојде пред кладенецот, го стави шишето под шапурчето што течеше преку листот прикрепен со две чисти изворски камчиња, и кога се наполни, го фрли в уста како ништо.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Од неговата желност да се трча по сѐ што лета, што бега, што тече и што не може да се задржи.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)