што (зам.) - чита (гл.)

Не е важно колку читаш туку што читаш. Може да завршиш и 3 факултета, но пасивизираноста на студентите покажува дека факултетите се само добро разработени детергенти кои тенденциозно ви ги потплакнуваат умовите и ви ги држат под контрола со што станувате послушници на системот.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
- Те видов од прозорецот... Што читаш?
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Виното беше нешто за што читаше и сонуваше.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Со закана во гласот тој уште еднаш го повтори прашањето и јас безволно одговорив: - За книги. Ме праша што читам.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)