што (зам.) - пред (предл.)

На небото што пред квечерина гори во пурпур, стрвниците не престануваат да кружат.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
На улицата пред куќите на тие двајцата забележувам еден од овие лизурковците што пред малку се пикна под масата на која седевме и се стопори мене да ми ги лижи стапалата.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
„Фала за прикаската“, задоволно му вели Летка и не се навраќа на прашањето што пред тоа му го постави.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ги отеравме у пичку матер оние кои што пред својата зграда цел живот ќе паркираат жолто југо.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Тој некој што пред нас стигна беше – Лествичникот. Стоеше Лествичникот гордо, самовозљубено, десно од логотетот, а ние влеговме правливи, вошлосани, усмрдени од долгиот пат, од подвигот наш.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Девојките, оние што пред тоа се колнеа со машка горчливост дека на Кукулино ќе му ги свртат русите плетенки и ќе отидат далеку, во Германија и во Шведска, како слугинки или болничарки, ги поткренаа градите и се стегнаа: старите погодуваа дека тие ноќе ги сонуваат тешките раце на вдовецот.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Но ова е вид негување, се замешав освоена од чудното криво и испукано стебло, помало од азалеата што пред тоа ја донесов од цвеќарницата на плоштадот.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Еден ненадеен, не многу силен налет на ветрот, ги разниша блиските буки, го потисна удолу чадот што пред тоа се вишеше над колибата, го зачади просторот наоколу, се вовре и во носот на момчето, донесувајќи му искрена веселост.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Даскалов го видов дури кога дојде доволно близу до прозорецот за да ми ја запре светлината и да ми соопшти дека колата со сандакот пристигнува; а јас пред да ја слушнам новината всушност го видов неговото, како што пред тоа се беше изразил, разведрено лице. (Или не беше рекол ништо слично?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ти бери умот таква глупост?“
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Кога ги открив помеѓу нејзината облека розовите гаќички и свилениот црвен комбинезон што пред малку ти го пробував си реков зарем може да е грев ваквите убавини ако ѝ ги облечам место на Натето Дуково на Огнена што уште не сум имал среќа да ја допам?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И од поткопаната мисла, како од поткопан брег од водите, во моментот на уривањето многу непредвидени зборови па дури и цели реченици може да се истурат).
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
2 Според подоцнежното раскажување на кукулинецот Лозан Перуника* (значи по седумдесет и осум години од настанот, кога тој веќе бил на прагот на своето столетие, поточно - според записите на некој калуѓер од илјада деветстотини и тринаесеттата година, кога веќе се гризеле со оган и челик под знамиња на лав или двоглав орел и атакувале едни на други преку полумртви села и градови во прашина, во чад и во треска бугарските дивизии на генералите Тошев, Ковачев и Иванов и српските дивизии од Првата, Втората и Третата армија на престолонаследникот Александар и на генералите Степановиќ и Јанковиќ, и едните и другите, мобилизирајќи ги македонските голтари од вардарскиот, пиринскиот и егејскиот дел на својот вилает да пукаат едни во други**, додавајќи му ги на тој хаос и грчките војски, сите три крунисани влади на тие армии во алчна агонија да лапнат по еден залак од Македонија), во она време големоглавиот и бабуњосан Адам Леновец им раскажувал на неколцина од дружината дека попчето што го мердале ноќе во Лесново не се занесувало толку по идејата на грчката Патријаршија за една голема и од Зевс или Саваот благословена Елада, тој неграмотник со ретка брада можеби за тоа и не знаел, колку што сакал да ги завлече прстите со многу топчести ковчиња под ленената кошула на Фиданка Кукникова; каменоделците по ден, најчесто пред своите жени со загатливо сомневање под клепките, ја проколнувале и ја пцуеле убавицата со дамки, со тие златни очи на страст и копнеж по милување, а ноќе станувале од постелите на своите жени, божем во дворот ќе шопаат широко расчекорени и без воздишки по она што пред тоа го сонувале, всушност како лилјаци ја облетувале Фиданкината куќа со еден прозорец под бушавиот сламен покрив и со напукнат оџак; жените веќе нешто знаеле за ноќната лилјачка игра на своите мустаќести балами и со дукат го наговарале попот да се преправи во козинав врколак и да внесе страв во селото; ама и на попот, како што раскажувале, не му висел под папок суџук од мелено козјо месо; и тој станувал бабачко кога ќе се сетел какви тајни си криеле жените под кошулите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Нема извори на живот. Животот е извор што се пие себеси.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Бараат писма што пред малку ги фрлиле оние од камионите.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- Се начека - слушнавме и тројцата, но тоа не беше обраќање што бара прошка или нуди објаснување туку во него како да беше натрупано еден посебен вид самосожалување; обраќањето навистина потсетуваше на џгура од надеж што пред да прегори можеби и била добар јаглен.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Всушност обидот да се насмеам на несоотвеноста на наредбата да чекам, што втаса низ ходникот заедно со ситните чекори на Росана, беше причината повторно да го почувствувам истиот оној давеж во грлото што пред малку ме сепна на влезот.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)