што (зам.) - сам (прид.)

Некогаш таму навраќале видни кнезови за да се соочат со последната игра на својот живот што самите ја нарекле руски рулет.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Ни телалите од долните села повеќе не одат средсело за да им го соопштат на луѓето она што самото по себеси се подразбира.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Си дозволи што поцелосно да го консумира задоволството што сам си го приреди...
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Во текот на истрагата водена по повод посетата на селото Горно Морино од страна на М. Ѓурев, тој самиот беше потврдил дека по сопствена иницијатива, или како што самиот се изрази, по сопствена желба и од лични побуди престојувал два дена во Горно Морино.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Нема потреба никој да не потсетува кога е утро, или дека дошло време за ручек.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Имено, тукашните сега се определија за орлите, поточно за оној што сам се реши против штрковите и тврдеа дека тој ја олицетворувал Македонија, која, после, по прогонот на Турците, остана сама да се бори против сите свои довчерашни сојузници, а тие, гнасници, ја убија, односно штрковите го убија јуначкиот орел.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Но кога видоа западните држави оти се излагани и оти Бугарија раѓа такви луѓе како покојниот Стамболов и живиот Свирчо, се успокоија и зедоа против волјата на Русија да го прават тоа што самите го расипаа во Берлин.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И додека баш пластично раскажуваа како ќе си поигруваат со мене, а бидејќи тие важат во нивната Лозница за мажи на глас, што сами си го раскажуваа меѓу себе, а не го слушнав од нивните женички, кои исто како мене лежеа под дебела сенка малку потаму, јас се потрудив да им биде уште поубаво и поинспиративно.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)