што (зам.) - веќе (прил.)

Како што гледате, господине министер-претседателе, – продолжува Спространов – ваквите идеи што веќе нашироко се прифаќаат од македонското население, не се ни малку за потценување за да не им се посвети високо внимание.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ти конечно ме бакна, и како и овие дождови и секавици, како и овие ветришта, ме окова за себеси, и тоа што веќе меѓу нас се случи сега и Бог - господ не може да го спречи.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Најдобрите книги, помисли тој, се оние што ти го кажуваат она што веќе го знаеш.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Рахела, покорната жена на Моше бен Азај, непрестајно напојувана со историите на прадедовските маки, не можеше да издржи пред безумниот очај на љубеното око што веќе не ја препознаваше.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
И имам нешто повеќе во дланката, нешто што веќе не е бестежинско како влачена волна туку сега тоа е како топка памук која добива тежина.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
- Какви милјеа? Тоа се реднекс, фашисти, морони, пореметени идиоти што пет реченици не прочитале во животот, луѓе што ја држат оваа земја во заложништво верно гласајќи за онаа ретардирана будала што веќе осма година седи во Белата куќа...
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Партијците уста не отвараа, ниту се спротивставуваа, ниту одобруваа. Седеа по канцелариите замолчени и исплашени од мечот Господов што веќе висеше во воздухот.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Го гледав тоа што веќе ви го кажав.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Се садеше што не се посадило, или се додаваше на тоа што веќе беше посадено - уште некоја леа пипер, четири реда патлиџан, два трапа барбуња, едно парче големо колку да се растркала магаре, крастајчиња, блиску пред куќата жените ги садеа или ги пренесуваа веќе порано посадените џунџулиња, пркоси, париња, сивци, гербери.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Седнав на масата над оној бел лист хартија што ме обврзуваше, што не смеев да го напуштам и да ја прекршам мојата нема заклетва на верност, и бавно и болно зедов да го пишувам пак она што веќе го спомнав, а кое божем секако треба да биде запишано: “Утрото станав и побрзав кон бунарот за сега денски, спокојно, на болскотот од сонцето, да видам како се мрешка водата и како мојот лик се топи во тие нежни бранчиња.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Потоа го следи со очи белиот авион што веќе исчезнуваше.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Простувајќи се од зимата на Женева и од пријателите,Кристапор Микелајн, сега како русин и под името Самуил Фаин, за Стамбол да ја проучи можноста за атентат врз султанот Абдул Хамид, за сите поробени, поточно за оние што веќе не можеа да го издржат робувањето под Отоманска Империја, тој синоним на злото.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Во четивото ќе се пронајдат и оние што се веќе тука, што веќе не ни приметуваат дека се ликови од оваа стрипотека.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Беше една мечка, што можеше да прими во своето огромно тело уште неколку негови зрна и да ја впие во себе сета нивна придушена бол, но беше и една погодена мечка, што можеше да чекори и да продолжи кон него со една не толку тврдоглава решеност, со сета крвава трага, што веќе ја оставаше по снегот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
За мене, за заречениот ерген, појавувањето на таа иста Стојна на мојата врата по полноќ, не беше ништо друго туку почеток на втор дел или продолжение на приказната што веќе беше набележана.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Си помислив: таа вдовица, јас пензиониран самец, се враќам во Бањи по толку години; Стојна веројатно ми доаѓа заради сите оние силни љубовни спомени а можеби и заради она мое конкретно ветување од пред војната дека ќе биде добродојдена и убаво измилувана секогаш и секаде се разбира според желбата на нејзината снага.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Ене го проклетникот. Тој сам ќе си ја стави главата на тепсија пред Калпаковата тајфа.“ „Тој не е сам. Погледни, оној со него е...“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но јас веќе знаев кој е со него и дека тој што е со него е изврзан со гнил ремен, ишаран од стапиште со модрици и безумен како и секогаш зашто до мене достаса најпрвин неговиот глас - „Не давај ме, внуку, на никаквециве, ќе ме обесат“ - потоа јасно го видов како се ниша килав пред својот внук и судија и како плаче кикотливо, ја видов таа безначајна празнина во лита и скудна облека на која никнала долгнавеста тиква со влакна, но тоа е сега прикаска што мојава улава старост ја раскажува со чувство на посничка осаменост пред друга, калуѓерска и божја, бездруго свето дрво што размислува над туѓи мисли и се моли над туѓ грев, на оние што веќе ги нема, што се прав како што ќе сум и јас утре прав, јас, Лозан Перуника, дамка од дамките на минатото и вчерашна жива смрт од дружина на мртви луѓе, и тие вчера со гнев и јад во секоја капка на крвта вчера, кога и јас, и сирак и главен терач на туѓа двоколка со сив ѕевгар, сонував и живеев зелено, зелен во една земја што помеѓу топењето на снегот и сушите на болните лета не знае што е зелена пролет, зелен април или зелен мај, и знае или можела да знае што е зелен страв пред чудовиште оплодено од еден друг господ во градината во која се преселиле од рајот женското петле Адам и неговото ребро со женска коса, женски колкови и женско умеење во гревот да посади боцки од кои душата станува жива рана.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Откако ручаа, Трајанка, единственото девојче што веќе неколку години другаруваше со нив и во ништо не беше подолу од ниедно од децата, го изваде од торбата шишето што утрината случајно го понесе.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
И, како совршено заокружување на сѐ она што веќе ми го имаше речено, онаа смешна додавка: иако не бил моментот за спомнување обетки, белегзии и други женски глупости ете, таа и тоа го прави па затоа сите отклоненија во нејзиниот разговор да не сум ги сфаќал сериозно.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)