што (зам.) - да (чест.)

Во исто време, да ги одмерат со својата вага на мудроста – што се задржи, а што да се пропушти надвор од себе. Човекот е вистнинскиот филтер!
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
- „Сега веќе нема од што да се плашиш“, - нежно, како ретко кога, зборуваше момченцето.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
На тоа што да кажеме и што да им речеме на такви безумни?
„За буквите“ од Црноризец Храбар (1754)
Од подотворената врата виде како мајка му, без било што да каже, му го подаде писмото на татко му, што беше дошло од жената.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Не ли е убав животот кога човек има што да јаде , да пие, конфорен дом, семејство, пари пријатели, многу патувања, забава и спорт? – праша Еразмо.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
И тие сиромаси не сакаа секоја есен да се селат и нови меќани да прават, ама нивните нивчиња беа кое осмак, кое шиник семе, та немаше што да гнојат, што да ораат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)