ја (зам.) - боцка (гл.)

Празното место на прстот каде што го носела повеќе години прстенот, сега го чувствува непријатно, чудно, како прстот да ѝ е пресечен и затоа чувствува како на тоа место мажот ѝ ја боцка.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Отровните стрели на Ружа ја боцкаа Рада речиси секојдневно.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Кога имала Кала една година, то ест, кога се родил Мил, мајка ѝ сакала да ја одбие. Ѝ ставала четка од чевли на боските свртена со влакната кон нејзината уста за да ја боцка - не помагало; ги мачкала грепците со смрдлива трева - не помагало: ги премачкувала со пипер за да ја испали - не помагало: Кала сѐ издржувала и цицала заедно со Мил.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)