ја (зам.) - вади (гл.)

Татко ми никогаш, кога излегуваше од дома, не ја вадеше паларијата. Така беше и овој пат.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ја вадев матарката со вода и пивнував, потоа го поткревав сенчилото на капата, која почнав да ја носам и дури кога немаше сонце.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
И јас заличив на инженер, облечен во виндјакна, со чевли планински, со повисоко грло, и со една капа со сенчило, која понекогаш ја ставав, а понекогаш ја вадев.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Патериците по малиот камбек кога ја вадеше шипката станаа минато.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Никогаш не се согласија со баба ми околу тоа прашање.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Како желка што ја пика главата в корупка кога ќе ја чалне некој, а после претпазливо ја вади надвор, иако можеби во тој час напаѓачот стои над неа со кренат стап и чека да ја трасне по глава, така и Пискулиев, по првиот уплав, почна да поднаѕира зад рамената на другарите и да се разгледува по дворот.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Но Евдо ја фрлаше јадицата со црв, а ја вадеше без црв.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
И јас некни зедов една полока, ама ич не чини пустинскиот, како слама е! (Ја вади кутијата и му ја подава).
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Иследникот ја вади левата рака од џебот, но не се свртува кон мене.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ја вадевме фиоката којашто беше над заклученото шкафче и ги вовлекувавме детските тенки раце низ празнината, со прстите набрзина зграбчувавме од локумот и си стававме по едно локумче в уста.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Штом ќе се разгласеше дека војната завршила, луѓето сета комина што ја имаа (од сливи, од дренки, од муренки, од грозје, од кајкушки и оскоруши) ја вадеа од бурињата и ја носеа на казаните крај езерото да ја печат; се носеше и комината од црковните сливи и лозја и деноноќно се печеше ракија, и деноноќно се пиеше; пиеше старо, младо, машко, женско; како што капеа казаните - така луѓето со чашки, со филџани, со канчиња, со матарки, црпеа од ракијата, пиеја, наздравуваа еден на друг, ѝ наздравуваа на слободата, се бацуваа, пиеја колку што душата им сакаше и не им сакаше, кој како ќе се испијанеше скокаше сосе алишта во езерото или пак луѓето го пикаа да го оладат и отрезнат; но по секое отрезнување - започнуваше ново пиење.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
понатаму од трските и шеварот гледаше Висар, како жените, по умирањето на некој, ја вадеа сета постела на која спиел умрениот и сета покуќнина со која се служел, да ја мијат на езерото да ја тријат: веленце, мутав, постеќија, сазма, клашник, сакма, џубе, ресичка - удираа со пиралките на нив, фрлаа пепел и катранен сапун, луга и жива сода за да го извадат и очистат од нив и допирот и здивот од умрениот;
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Другпат сонува како на некој празник влегува во куќата, но гледа куќата не е куќа, туку се престорила во црква; внатре попот Матлија венчава младоженци; се допира поблизу и гледа: зетот е Бандо, а невестата таа самата; но како што наближува, сè повеќе ја фаќа страв, зашто гледа: невестата не е таа, туку некоја друга жена; почнува да плаче и да го трга Банда да не се венчава, но попот Матлија му дава знак на питропот Танаско и тој ја фаќа за раменици и ја вади од црквата надвор; надвор гробарите го пречекуваат Танаска и му велат: ”Ние сме готови: го ископавме гробот”.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Неговиот другар со кого во болницата лежеа во ист кревет, со забите го кине копчето на џепчето од блузата, зашто двете раце и градниот кош му се изврзани со завои, ја вади со заби сликата на која му се жена му и син му и ја моли сестрата да му ја запне на штиците од вагонот; погледнува во сликата и испушта душа.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
ФЕЗЛИЕВ: Ви благодарам. (Заборавајќи на Неда, ја вади камата и со остриот врв се обидува да ја истера тапата.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
„А третото прашање?“, ја гледам и чекам, белки било од хемија, физика... па душата ѝ ја вадевме со клетки, ткива, органи по биологија.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Беше еден огромен самјак, еден таков, за кој долго се прикажува, замина нагоре, решен да му ја вади душата уште со едно прогонување, а можеше да биде задоволен со тоа, што сега не ќе може да му ја измеша дирата со некоја друга дира, што ќе ја сретне, затоа што тој беше бележан, и тоа добро бележан, како што се чинеше.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Пука аскерот, пукаме ние. Силјан Деспотоски ја вади главата, сака да ги изброи војниците.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Трчам, се влечкам, ја вадам главата, ја поткревам ко желка од под корупка. Ебати главата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Потоа ја вадев сликата од под откованите штици на подот и со часови ја гледав: татковски насмевнато лице со неколку дупченца од сипаница, благост и мудрост во очите, пророчки брчки што само се претчувствуваат на загатливото чело.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Сомнително ме боли глава, затоа ќе избегнувам да ја среќавам сестричката. Ми ја вади душава со памукче.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Баба му Депа излегуваше во дворот, ја вадеше шамијата од главата и се молеше: „Господе, името твое му го дадовме за да ни го чуваш... Помогни му сега да оздрави...“
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Клечи така и липа суво и не знае кој (неговиот утрешен призрак можеби) се исправа од грчот на преврелата снага што е и не е негова и оди и се враќа со стара стаклена ламба и ја крши од вратата и ја вади ронсоновата запалка од џеб.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Од длабочината на џебот не ја вадеше десната рака.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Тие извикуваа навреди кон чуварите, даваа жесток отпор кога им ги одземаа личните работи, пишуваа безобразни зборови по подот, јадеа прокриумчарена храна што ја вадеа од некои мистериозни скришни места во нивните алишта, па дури му се извикуваа на телекранот кога овој ќе се обидеше да воспостави ред.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Потоа се качив горе во собата и бавно пред огледалото ја вадев шминката од очите и веќе избледениот кармин на усните.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Питропот Андреа вадеше од огништето запалени гламни, излегуваше на чардакот од куќата и ги фрлаше во водата за да запре дождот; цврчеше жарта, пиштеше пареа; го превртуваше ничкум секој сад што го имаше во куќата за да не зјапи по вода; ја земаше иконата на Св.Илија и ја вадеше на чардакот молејќи го светецот да му нареди на дождот да запре.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
И веднаш ја вади кутијата со „Зета" и им нуди по цигара.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Мислам дека јадеа сендвичи со колбаси или со виршли, а кога ќе загризеа од сендвичот сместен во најлон- ќеса полната уста ја вадеа од најлонот каде што сендвичите беа заштитени и веројатно разговараа за мене бидејќи со главите покажуваа кон тремот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Мофашите си мислат дека се кренале мртвите и одат на нив, ќе им ја вадат душата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сама сум си ја подгазила главата и сама ќе си ја вадам од под нозе.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Слика од детето, вели, од Ивана твој, вели и го отпетлува џебот од блузата, ја вади фотографијата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
После одеднаш ја обваќа бес, трча кај Пијаниот, ја вади пантовката и го удира по глава). На ти, на ... пцето пијано ...
„Гладна кокошка просо сонуе“ од Блаже Конески (1945)
Или тој ќе пројури со своите јаничари на коњ вранец, како ветер што ја мете калдрмата, а притоа со стружење ѝ ја вади душата, ѝ ја корне?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Ајде некако да му помогнеме, да го запознаеме подобро со неа, оти Мартин е срамежлив, да не речам – смотан.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Е, па, и ти нему му се допаѓаш – заклучи Лета. – Ми кажа другар му. Вели, од ум и од уста не ја вади онаа Бреза.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)