ја (зам.) - вели (гл.)

1. На наша стара Нова година, што ја велиме ние, татко беше играл карти и сето време губел.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сепак, најмногу, секогаш кога од град ќе донесеше печено пиле, повторуваше едно нешто што брезничани никогаш не разбраа што може да биде: „Како можев“, велеше, „да заборавам да си ставам во сјуткејсот една воденица што ја велите вие, ама не за наут и уроф, туку за коски.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Таа машина вие што ја велите воденица се става во синкот каде што истечува помијата од мијалката и тогаш можеш да фрлаш таму сè што ќе ти остане.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)