ја (зам.) - вклучува (гл.)

Улога на камерата Улогата на камерата во Ворхоловите филмови е радикално променета во однос на нејзината конвенционална употреба: таа веќе не се сфаќа како неопходно објективна направа што ги бележи субјективните замисли на творецот.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Можеби си во право, ќе додадеше Татко, нагласувајќи дека еден од мотивите за запознавање со исламската/османската/ориенталната компонента (во тоа ја вклучуваше и нивната мисија) можеби е токму тоа што таа не е мртва, скаменета, врзана само за османското и поосманското раздобје во нивната историја, туку таа е и понатаму жива, динамична, дури и продуктивна.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Улогите всушност се свртуваат: бидејќи авторот само ја вклучува (речиси во сите Ворхолови филмови камерата е фиксна за време на снимањето), тој станува објективен и на самата машина (низ грешки) како и на учесниците (низ инциденти) им дозволува одредена субјективност. okno.mk | Margina #15-16 [1995] 99
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Ова наследство, уверуваше Татко, ќе стане дури и интегрален дел на културниот идентитет на балканските народи, но со повлекување на Османлиите од Балканот и со здобивање со национална независност на некогашните милети и со нивното свртување кон Европа, ќе биде загрозено исламското културно наследство.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
44 Неодамнешните примери на големи проблеми со лица без државјанство ја вклучуваат Република Чешка, каде голем број луѓе, особено Роми, повеќето родени на словачка територија или потомци на лица родени во Словачка, беа практично лишени од чешко државјанство поради ограничувачката законска регулатива за државјанство и големите административни давачки по одделувањето од Словачка; Украина, кога по 1988 година околу 260.000 Татари кои биле депортирани за на ангажман на УНХЦР во проблемот на бездржавјанството беше ограничен, а во некои случаи и непостоечки“.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Најновово творештво ми е некаков тип рециклирање, некаква „пренамена” на веќе употребени, главно стари предмети, им го менувам контекстот, но не драстично како Дишан, на пример, туку, така, камелеонски, одвај видливо, некакви аранжмани што ја вклучуваат и димензијата на мирисот. 82 Margina #22 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Аргументите на овој напис одат до таму што говорат дека инфекцијата со ХИВ не мора да заврши со СИДА, но стилот на живеење кој во себе ја вклучува употребата на вакви дроги и поминување на цели викенди во играње го слабее имунолошкиот систем.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)