ја (зам.) - вкуси (гл.)

Откако ја вкусија и пофалија мајсторски подготвената баклава, Камилски се најде повикан да се доискаже за потеклото на баклавата: Постојат тврдења дека баклавата прв пат се појавила во Централна Азија, според други во античка Грција, а според трети во Сирија.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
За време на византиската епоха најмногу се шират рецептите за подготвување на баклавата, посебно таа со 33 кори, поврзани со 33 години од животот на Христос!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Како што јас посакувам да ја вкусам нивната земја, мажот сака да ја види убавината што се крие под кимоното.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Колку би ја бакнувал и би се насладувал! Колку би ја допирал целата, би ја истражувал однадвор и одвнатре, за да ја вкуси потполно и да ја открие!
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
На крајот Камилски сакаше да ја вкуси баклавата, но неговата сопруга го спречи, а тој се задоволи да ѝ се насладува само со очи.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тој беше предизвикан да трага по генезата на името и тајните на баклавата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)