ја (зам.) - влече (гл.)

Сам да ја влечеш колата низ угорница, сѐ до врвот, кола која двајца да истегнат до горе!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Петар ја влечеше тешката коњска кола товарена со дрва низ угорницата.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Но овие луѓе го гледаа татка ми со големо сожалување како севезден ја влече црната чанта со книги и не стигнува да ги прехрани своите слабички деца.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
По него, два коња ја влечеа мртовечката кола, во која беше сместен мртовечкиот сандак со покојникот.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- Ех, каде најде сега да умре сиромашкиот! - тивко шепотеа луѓето и го жалеа.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Кога ќе ги посадам јагодите, ќе треба вода што ќе морам да ја влечам дури од едно кладенче близу до реката.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Додека копачите мислеа што да се стори со влечењето на земјата горе, човеков им вели: „Кај Гадафи, во Либија, кога копаат бунари, кофата со земја ја влечат со магаре!“
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Прави свој календар од писоци. Писнува, смета полугласно некогашниот прв рабин, на 15-ти март, па на 17-ти, 19-ти, 23-ти, 27-ми; потем се априлските згуснати писоци: од 3-ти, 5-ти, 7-ми, 10-ти, 13-ти, 16-ти, 20-ти, 22-ри, 28-ми април.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Потоа тој многугласен џагор, го покрива единствениот писок на локомотивата која поаѓа, тешко збивтајќи под товарот на долгата композиција што почнува да ја влече; товар што, од транспорт до транспорт, брои илјадници луѓе, милиони спомени, многу очаи, еден страв и нешто преостаната надеж.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Миќо веќе вриеше, тој стана од земи, потскокнуваше на едната нога, а другата ја влечеше осркајќи и, лут, се спреми дури да намавне на мене, но сепак се здржа и се задоволи само со карање: „Будала!
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Сонцето качено на огнена колесница што ја влече зелена раскрилена птица го исмејува на заровите блескотот А тие од лутина трескотат трескотат по синорите на таблата. Ликува со трескотот раката на маестрото. *
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Поинтересно е да си седиш дома и да си читаш стрипови, одошто да излегуваш надвор, да ја влечеш торбата по фурните и да бараш мек леб.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Слично на нечистотијата што ја влече со себе надојдената вода.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Додека тие стоеа крај малиот мост, Рози почувствува како нешто ја влече за здолницата. Тоа беше Тито.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
А таа, чиниш некој да ја влече за нос, ја изкриви главата и зина: - Кој ја знае. Побегна со еден наредник, овца една.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Сѐ уште го гледам: претепан, со крв што од носот му се слеваше во устата, со нога што ја влечеше, зад себе, оти Фисот го беше претепал како никој, Бога го беше отепал во него, заради есејот со кој Лудвик стана херој кога се смени власта; но тој, како што ви е познато, не наседна на тие „партиски финти“, како што ги нарекуваше, и иако му нудеа место во новата власт, тој не се огласи.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Него постојано го придружуваше исто така Албанец (знаеше малку македонски) кој ја влечеше двоколката (слична на индиските рикши) до врв наполнета со вреќи.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Како некој Невидлив да му ја влече раката, како некој да го усмерува, да му наложува како и од каков агол да ја повлече линијата или да ја распореди бојата.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Потоа, морав да го приготвам ручекот, и тоа со настинката што сѐ уште ја влечам.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
А еднаш го фатија кај што ја влече мрежата и повторно ги враќа рибите во езерото.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Навистина, би било незгодно од тебе кога би продолжил да ја влечеш и понатаму оваа своја рана, така, за да морам и утре да ти идам. Незгодно, не, не незгодно.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И да ја влечеш по земја мајката, со кукачка да ја влечеш, таа пак ќе те жали.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Доце Срменков го гледал како ја влече по себе двоколката со торби, кожи и черги и се здржувал да не се прекрсти: човекот со крвави крпи на челото и со белег на сувото лице ќе му личел и со епитрафил на безбожник.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Меѓу нас не беа покојните Дмитар-Пејко, Јане Крстин, Пеце Дановски и Неделко Шијак, и ни свртеа грб Васко Тушев, Круме Арсов, Осип Сечковски, Трипун Караѓоз и свирачот на шупелка Цуцул Мицковски (го видов - ја влечеше без збогум по себе запрегата), и беше и не беше со нас Онисифор Мечкојад.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Можеби тоа беше претсказание. - Какво претсказание?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Наеднаш гласот му станал памучен и топол, скоро приспивен во помирливоста, и тој можел со својот јазик со кој минал преку испукнатоста на горната усна да го собере сиот пелин и јад од човечките срца во едно чинослужење од кое водовриките стануваат златножитни рамнини.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Па ете ... На народецов му се нужни нови маченици што ќе го поучуваат да не ја влече судбината за опаш.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Си биле еден цар и една царица и немале веќе четириесет и три дечиња, и не останале заедно оние триесет и деветмина синови.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тромаво, слепо коњче рамнодушно ја влече преку улицата својата судбина - стара кола, призрачна и немила како и секој затвор.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Но, додека ја затворам чантата и мавтам да ми ја донесат бундата, а сето семејство се збрало, таткото, подмириснувајќи ја чашата рум што ја држи в рака, а мајката најверојатно разочарана – па што, всушност, очекуваат овие луѓе од мене? – сета облеана во солзи си ги гризе усните, а сестрата мавта со шамичето натопено со многу крв, јас сум некако подготвен, под извесни околности, да признаам дека младичот, можеби, е сепак болен.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Колата морам да ја извлечам од свињарникот; и доколку случајно нема коњи, ќе мора свињи да ја влечат мојата кола.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Таа не знае дека кон него ја влече неговата желба.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Тој не знае дека притоа му помага нејзината страст.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Панично ја влечеа даската, не сфаќајќи дека така се враќаме назад. Пробав да ги смирам.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Храбро ја влечев даската, како и јас да сум дел од спасувачката екипа.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Изгледаше дека ќе падне и ќе се разлее како влага во влагата, додека коњот ќе продолжи да ја влече својата тешка судбина, незнано некаде во магла и неврат.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Крајот на цигарата се лепеше за сувите усни, ја влечеше испуканата кожа со себе. Тутунот е најарен дијагностичар, се сети. Не за лудите, за болните од треска додаде.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
10. ТАМАЌАРОТ И НА БОЛВАТА УЗДА Ѝ КЛАВА - зар посакува, итриот, нивите да му ги оре, колата да му ја влече или, пак, да ја јава и со неа да скока во кас де долу, де горе...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
На малата Нешка повеќе ѝ се седеше кај Тода отколку дома кај мајка ѝ. Крвта ја влечеше.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Додека се прашуваа како ќе го пренесат до гробиштата, во дворот влезе запрежна кола што ја влечеше еден коњ, а уздата на коњот ја држеше Тарзан, еден од школниците.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Зуи внатре шармантниот шум на душата ја влече назад но таа по сѐ изгледа ќе стане од леглото и - по кој знае кој пат - ќе се врати во стварноста без лажна надеж.  За жал, добата на лесно самозаблудување за неа е далечно Минато.  Депресија: квечерина  Раз-сони се.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Гледај, ти велам, шприцот ја влече течноста од стаклениот кожурец. Жедно ја пие. Жедно до грло.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Но тогаш дојдоа мравки црни петна врз бела руба тревата да ја влечат во дупките и птиците во јата се нафрлија на дворот.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Потоа стана и тргна накај стрништето на кое одвреме-навреме летаат јата птици.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
И средбите со најблиските секогаш ѝ беа кратки.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
А дека црвецот на великогрцизмот сите нас се уште не јаде, ние сме виновни што не умееме да го гледаме светот со отворени очи и сакаме да бидеме секогаш затворени во венците на славата што ја влечеме од старите Грци...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Тргна по удолнината и, кога стигна на раздрумот, пред неа излезе Кузе - сега еден од чуварите.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Споменот за синот како камен ја влече кон дното на очајот.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Пелагија се стаписа на местото, се стаписа од благиот глас на жената и полека, полека, со така да се рече надчовечки напори ја заврте главата и жената влезе во нејзините очи веднаш тука зад вратничката, а со неа и целата градина и куќичката со последното сонце плиснато по белината на ѕидовите, и вратничката се отвора на внатре, насмеаната жена ја влече натаму, ѝ прави пат за да влезат во градината Дојдете, златни, да си поседиме пред мојава врата, со денови, мори златна, да не речам со години, те гледам поминуваш од тука со момичево во рацете и со некоја голема болка во лицето, одамна сакав да те поканам да ми влезиш макар во градината ако не во куќата! и Пелагија нема сили да се спротивстави, таа дозволува мекиот допир на жената да ја води по патчето сѐ до поплочената ширинка пред вратата на куќарката каде што има малечка масичка и неколку столчиња без потпирачки наместени околу масичката и веќе седи на еден од нив, а на другиот до неа малечката Пела, и уште, уловува дека тетката седнува до неа без да престане да зборува Ако си калеша и со црно во срцето, ти си убава, и не знам дали има поубава од тебе, и по лицето ти се познава дека си и добра, твојата појава зрачи добрина! и во исто време претрчува внатре низ отворената врата и мислиш дека оди натаму а таа се враќа со подавалник на кои има чинивчиња со слатко и пресна вода во стаклени чаши Добро ми дојде, златна, во куќава, ајде, касни од слатково, јас самата го имам правено, онде од зад куќи, имам две дуњи, погледни, како сонцето што свети така и тоа свети, како твојата невидлива светлина, златна, како твојата невидлива добрина, златна, а тоа што свети во исто време и боли, мила, твојата невидлива болка, касни, заблажи се, ти ја знам болката, со денови, со недели, со месеци сноваш по уличкиве и бараш брлог оти онаа коруба сега е зграда, ене ја, ги надвишува сите куќи и вие морате да се иставите од таму, е, златна на тетка, не знам зошто, ама моето срце те одбра тебе, така да знаеш, те одбра тебе и оваа топка радост и оваа жолта заштита, вие да ми бидете радост на старост!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Си ја влечам ногата како тумрук, како букагија, а полицајците идат по мене, небаре муви по мрша.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се сетив дека си ја влечам болеста и тоа ти е.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Си ја влечам така тежината, а нозете ми се враќаат, ми се сечат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се обидува да стане, да се помрдне, ама нешто ја влече, ја заковува за креветот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ѝ се чини дека под неа земјата се лизга и ја влече надолу и сѐ станува глуво.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Човекот како да сака да и олесни на сопствената болка и на маката што ја влече со себе, ги повторува и ги преповторува зборовите на старичката и, тврдо газејќи напред, не свртува опул зад себе.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)