ја (зам.) - воведе (гл.)

Откако минаа три години тој веќе ја беше толку припитомил и обучил што можеше слободно да ја воведе во куќата.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
— Ја утеши Тода и веќе ја воведе во вратичката.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Некогашните свештеници, кои додека владеел Ихнатон биле понижени, го повеле народот, кој никогаш не ги заборавил старите богови, со одмаздничка страст и фанатична осветољубивост да ги урне новите храмови, и го забраниле монотеизмот, враќајќи ја старата религија на многубоштвото.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
А што било со нив, откако го убиле оној кој ги избрал за свој народ, и кој им ветил дека се народ избран од Бога?
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Седумнаесет години откако ја вовел новата религија, фараонот умрел.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Затоа, тврдеше брат ми, Мојсеј не умрел од старост како што е кажано во „Библијата“, туку „Евреите го убиле египетскиот Мојсеј и ја напуштиле религијата која тој ја вовел“.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Но, оваа ситуација се промени со измените од 1998 и 2000 година: •  измените од 1998 ја воведоа можноста работодавецот, „самиот“, и како негово „право“ (!?) – слично како во раниот капитализам, познат по бруталната експлоатација, да утврди кои работници ќе бидат отпуштени како технолошки вишок – кога се отпуштаа помалку од 20 работници, или најмногу до 20% од вкупниот број вработени (чл. 6, ЗИДЗРО/98).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)