ја (зам.) - вози (гл.)

И потоа, се лутам еднаш (и само еднаш), кога ја возев Споменка, дека ми мрчеше за мојот шоферлук.....
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Се бесевме и на локомотивата што ја возеше чичко Лозан и го молевме да ни раскажува за неа.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
По шест години, кога малата требаше да добие потврда од матичниот лекар дека е здрава и дека може да оди во забавиште, по целиот пат додека мајка ѝ ја возеше, викаше на цел глас и плачеше, божем ѕрцките ѝ ги вадат.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Јапонската кола на Лијам и е и не е во дефект; тој ја вози.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Рече дека бил ополномоштен од амбасадата да постапи по одлуката на судот од Германија... Колата ја возеше Хелвиг.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
И додека тој ја возеше својата последна трка, таа за последен пат поминуваше улица. Имаше само 16 години и не се избори.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Човекот што ја возеше колата, ме погледна и рече: „Слушни ја, оваа како да е пишувана за Тоше“.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
А ти, како си ти? - Ете, ја возам гнидата... - А ремените, чизмите, јајцето?...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)