ја (зам.) - гаси (гл.)

Не сум ја гасела секогаш по неговото заспивање, а тоа не било добро.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Водата што ја пие од стомната не му ја гаси жедта, топла е, блуткава е.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Се фаќаше во орото на свадбата и играше, скокаше до распаѓање; кошулата неколку пати му се натопуваше со пот и му се сушеше; го сучеше орото, а луѓето притрчуваа со плоската пијалок, му ја пикаа в уста и му ја гасеа жедта.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Потоа, дека истото важело и за сијалиците кои јас не сум ги гасела, како што до премногу доцна не сум ја гасела и сијалицата во собата каде што спиев.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Но таа ја гасеше светилката кога ќе легнеа во креветот: и заради светецот да не ги гледа и заради Илка - да не и ја гледа нејзината дрвена нога.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)