ја (зам.) - гледа (гл.)

Јас сѐ уште ја гледам таа вода. Кејтеновиот сон, нашиот сон.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Шета Богдан со очите низ одајата, ја гледа светната и исполнета со воздух и сонце.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Од далеку повторно ја гледа Аниса качена на коњ, на истиот коњ што е на сликата: силен бел пастув, влакното му светка на сонцето, се прелива, како скапоцен камен; гривната му се вее развиорена.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
„Среќата е краткотраен феномен, таа е исполнување на некоја долго напластувана желба или потреба,“ рече брат ми.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Но, таа ќе биде многу повисока“. „Четиристотини метри?“
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
„Таа мене повеќе не ми треба, доста ја гледав нејзината убавина без да ја разбирам.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Ја гледаше од сите страни: виде дека е скината.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Мурџо ја крева главата и ја гледа зачудено или така ѝ се чини нејзе поради слабата светлина што капе од сијалицата врз вратата?
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Можете ли да доживеете поголемо разочарување, поголема несреќа од таа што ја гледате и слушате од устата на вашите браќа кои исто така со денови, со ноќи, со векови се подготвувале за бегство.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Тој ја гледаше со светнати очи, не можејќи да го смири радосното биење на срцето: колку ќе се зарадува таа...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Но таа си остануваше сѐ иста: навикната да ја гледа само опачината на работите, сурово одбиваше сѐ што би можело да повее радост, надеж...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Долго ја гледаше карпата. По неколкупати ја испитуваше со погледот, се допираше до неа, ги опираше рацете на неа, како да сакаше да ја навали.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Пред вас е неговата мајка која ја гледам за прв пат...
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Бараше да му ја сликаат гајдата и да му ја пратат да ја има со себе, да ја гледа.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Ја гледаше јасно дупката во ѕидот, но не знаеше колку време јавал на куршум ниту кој го испратил на такво патување.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Ако постои рајот, тој беше тука, ние бевме во него, во миговите кога ја гледавме мајка ми жива, со новата рожба.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Болката што ја гледа во буквите поминува во неа.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Дури и додека ја гледаше црната орда како напредува кон југ, тој виде уште една сила, необјаснето собрана, ненадејно никната во нејзината заднина, како ѝ го пресекува патот по копно и по море.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
- Светлана ја гледаше радоста во очите на Рада. Длабоко во себе ја грицкаше скриената јанѕа.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ја гледа Златко светлата ѕвезда секоја вечер и сака некако да ја скине од небото. Му се чини дека од ридот тоа не е тешко.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Се досега пред себе ја гледаше само онаа замислена прекрасна иднина која длабоко му ја беа вкорениле недоучените партиски секретари и ете, сега, со очај во очите, го гледа безизлезот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ја гледав мајката на моите идни деца, не кажа ништо-дишеше Маја, крај мене; Модрите погледи ти вриштеа под капаците затворени и мала солза ти капеше по лицето- семка која в грло ми садеше тишина.
„Омајнина“ од Афродита Николова (2010)
„Сега може.“ Таа се доближи и Даниел ја гледаше како го одврза јазолот на шамичето и како оттаму извади едно синосиво камче, големо колку ноктот на палецот.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Татко, поради шеќерната болест што почнуваше да го нагризува, повеќе се задоволи да ја гледа баклавата и само да ги лизне позлатените слатки кори од своето парче, додека го слушаше Камилски, веднаш помисли на улогата на овој драгоцен десерт кој постоеше во целиот тек од постоењето на Османската Империја.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
„Не може да се види опачината“, му реков на Владе, „несвесен дека всушност ја читам реченицата што ја гледав на листот хартија“.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Од бучавата смогот сѐ повеќе се развласува, се протега и се раскостува, се шири, авторот забележува дека смогот почнува и да се крева, ене го веќе кренат над училиштето „Кочо Рацин“ и наскоро ќе ја зафати и неговата куќа што тој одовде не ја гледа, само по тамина знае каде е.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Излегуваа надвор, ја гледаа, ја проверуваа. И секој ден продолжуваа да ја потпираат.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Стара беше, постара и од мене. Оваа нова е што ја гледаш, пролетва ја направивме...
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ноќе ја сонував, бледа како Богородица; многу често ѝ ги сонував само колената, колената на Луција, и не ја гледав цела; колената ѝ беа слаби, измачени, и јас само можев да им се восхитувам на тие колена.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ниту ја слушаше, ниту ја гледаше. Беше јасно. Веќе не ја сакаше.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
На Змејко не можеа да му поминат незабележано сите оние скришни мигнувања и кусите загрижени разговори меѓу тој извишен младич и неколцина од луѓето со сините комбинезони, од кои што тој навистина ниеднаш не успеа да дофати ниеден збор, но сосема добро ја гледаше таа игра меѓу масите на своето дуќанче.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А на бреговите на оваа река големиот германски поет Хајнрих Хајне ја испеал многу познатата песна „Лорелај“, инапириран од народната легенда за една самовила, која со својата убавина ги омаѓосувала сите што ја гледале.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Таа имаше интересна, чудна глава, која, колку што ја гледаше Илко, толку почудна му стануваше, особено во профил: лицето и челото ѝ беа сплескани, издадени, налик на сечило од секира; носот шилест и издолжен како клун; очите ситни како мониста; веѓите тенки и споени; ушите мали, прилепени; усните заоблени, собрани како свирка. Зборуваше со шуштење.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
На истото прашање, самиот одговара: „Ја гледам мојата баба како долго, долго си ги брише прстите од престилката пред да ја земе во рацете мојата ученичка книшка“.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
МЛАДИЧОТ: (Гледа низ прозорец.) Ја гледам муграва.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Волкот ја гледа мирно својата сигурна жртва.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Авторот упорно ја посматраше додека таа седеше со рацете во скутот и погледот веднат, но како да знаеше дека тој ја гледа.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
А си ја гледам и мојава Калија, мојата китка и утеха, моето сребро светливо, мојата жива вода, сè најмое.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Но, дури и по Стоунвол (или особено по него), предосудената тактика да се смажестиш и збучиш за да бидеш пожелен баш и не изумрела.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Та така и јас, кога со прстот проаѓам по букви непознати, ја чувствувам нивната топлина, топлината на буквите, и светлината нивна ја гледам, оти секоја топлина има и своја боја, и знам дали записот говори за студено или за топло, за мрачно или за светло, за арно или за зло.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Се оддалечувале да не ја слушаат и да не ја гледаат како се скаменува. - Девојкана, мајко Минадора ... - Која е?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ја гледаме како удира по жиците, по чашките.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Пајтонџијата ги стегна уздите и коњите се исправија на задните нозе; почнаа вознемирени да тропкаат на едно место, баш пред кајмакамот и бимбашијата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Којзнае дали ме познаваше тогаш. Ме гледа како смртта да ја гледа пред себе.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ја гледам неа и ме префаќа смеењето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кога сирените престанаа да свират, кога потресот се смири, застанав над Републиката да ја гледам.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Правилно е никаде и со ништо да не се двоите.“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
И не самата таа за себе, туку како ја гледаме ние и како живееме со неа.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Од јарболот на Аврора ја гледал иднината и можеби з Црвено обоен.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Правев сè што ќе ми речеше, огромни болки чувствував во главата, вртоглавица ме обземаше кога станував, но го правев тоа за да не му го расипам тоа негово соживување во тоа,таа негова радост што му ја гледав...“
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Горда го отвори пакетот и почна да ѝ ги пробува аливцата што ѝ ги донела, но детето не ја гледаше во насолзените очи туку во лакираните нокти и ѝ сричаше „мамо” на жената, а не нејзе.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Татко ѝ загрижено ја гледаше.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
па еден ни ја обелува: вие сте шпиони, вели, аман, бре господине, какви шпиони, ние сме сиромашни луѓе, не знаеме да бидеме шпиони, сите ќе одите на стрелање, велат, ако не признаете, велат, сите до еден ќе ве стреламе, велат и грмотрн им излегува од очите, ете сега, море бургија, не знаеме што да признаеме, тропаат тие, пампара - пумпара, шикли во чибук, а ги гледаш и тие - сиромаштија, ама не си ја гледаат својата, туѓата ги плаши, ние сме биле шпиони и од нас ќе им пропадне државата, копуци...
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ја гледам како бледа, со усни преплашено растворени, седнува на санката, ги затвора очите и, проштевајќи се засекогаш од земјата, тргнува од местото... „Шшшш“ – шиштат лизгалките на санката.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Нејзините домашни сѐ помалку ѝ беа од помош; старите старееја, а браќата и сестрите ги зафати бранот на градскиот успех па си ја гледаа работата и живеачката.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
— „Не е лошо да а натрата на невестата Малова да ѝ жугне на ќерка му на попот да си а имаат муата на капата — си велеше Доста и пак ја гледаше нејзината Нешка, сега веќе невеста на коњ, како се исплачува со неа, со татка си и брата си, оти ќе ја остави нивната куќа и ќе стане попова снаа, на младо ѓаче невеста.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И се подигна. Пред очи – широката насмевка на дедо. Милно ја гледа и со погледот ја гали.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
По тој ист пат нејзините мисли и понатаму непречено ќе слегуваат кон полето.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ја гледа сликата и очите му се навлажнуваат, срцето му се стега, душата му се загорчува и му шири пукнатина во него.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Ги гледаше неговите кревки увца и неговите очички, и оние четири тенки како чапарушки и растрперени ноженца, ја гледаше сета таа чудесија од кревкост и невиност, со нешто многу од тревките во себе и со секој миг сè посилно знаеше дека таа дива ноќ не можеше да биде во состојба ни да измисли друг повистински гостин, што би можела да му испрати за да го зарадува во неговата самота, од овој, што беше сега тука, во неговите нозе.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Таа цело време гледаше во „попчето“ па и кога се појавија да ги поздрави публиката, и виде чисто и бистро оти очите од „попчето“ беа втренчени во Нешка, и дека и таа не се издиши дури тој ја гледаше.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
2. Би што би со прангиите, сега започнувам посериозно да си ја гледам школата.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
А пупката, која ја гледаше пред себе не сакаше да ја скине.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Дело ограничено со една тромава естетика, производ на една уметност на најмало напрегнување, творба на една епоха на низок водостој и слаб проток, што би била состојбата во која се најдоа уметноста и естетиката во вторава половина на дваесетиот век; тоа дело го претставува одговорот на уметникот на оној став на публиката кој тежнее еден Лоеонардов портрет да биде преобразен во „ла Gioconda” - т.е., во нешто повеќе од едно дело, во некакво над- дело, во едно пренапрегнато дело, мит, амблем на секое уметничко дело - толку упорно присутна во своето самољубие, што и кога веќе не ја гледаме, нејзината насмевка, што наликува на насмевката на Carrol-овата мачка, не престанува да нѐ прогонува, дури ни тогаш кога сликата исчезнала.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Се скрши гласот на Кире.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Ја гледаше карпата над својата глава, погледнуваше со страв во амбисот под себе и се прашуваше: да продолжиме да се качуваме или да се вратиме здрави и живи.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Преку реката пак, Сандре Марче местеше телевизиска антена на ниското куќарче; Коте Буџе, во тремот на плевната, ја гледаше новата крава, швајцарски сој, што ја беше купил, плукајќи во правта долу, да не ја зарече; Пере Катин спремаше дупка за вар за домалтарисување на новата куќа, која досега беше малтерисана само одвнатре и последен пат си изми раце со потурување од стомне; двајцата сопственици на продавниците, како договорени, ги чистеа и ги прередуваа излозите, а по уличките на селото и на малите празни места, на плоштатките, децата си играа слободно по завршувањето на школската година.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ми ја гледаш ногава, му велеше учителот кревајќи му ја ногавицата. Забележуваш ли нешто? Ја забележуваш ли лузнава?
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Ја гледаш се тепа од плачење, а не знаеш зошто.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ја гледаш ли дупкана што зее во карпата?“ – ме праша. – „Ја гледам“, -реков.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Ние ја гледаме одоздола, од снегот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„Не е в ред?“ ја гледаше оваа жена и, да, беше тоа неговата жена, беше тоа некој нему познат, и ова е нивниот дом со висок таван и изветвени тапети.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Стојат, ја гледаат, кон неа подаваат раце и ја викаат да дојде горе, на чардак.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Пред куќата, кај шадрванот, таа ниту подзастануваше, небаре не ја гледа таа убавина, а кога слушна дека ибн Бајко е задолжен да изгради и теќе, што ќе биде чувано од теќе-ефенди, таа толку силно се исмеа, што шумата се стресе, а потоците наоколу почнаа да подрипнуваат врз камчињата.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Сестра ми ме повлече за полата и низ плач ме праша: - Бате, Кире, ја гледаш ли мама?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Љуба, како да ја гледам, молчешкум поднела.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Девојчињата со одушевување ја гледаа, а и тој го помрдна мустакот, небаре Клерк Гебл... и тргнаа пешки, преку пруга до Лисиче.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Арафат се радуваше на својот дипломатски успех, ја гледаше поблиску од било кога својата Палестина, го очекуваше во неа своето триумфално враќање на бел коњ...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И за кога ќе ја сретнам да сум сигурен дека сум сретнал вампирка, а не Митра жива.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Во очите за миг ѝ блеснала влага.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Татко ја гледаше замислено и загрижено, но правеше сѐ што можеше за да не си го покажува расположението.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ја гледам, седи на она столче до масата“, ми вели Трајчеица, „седи сета разотворена пред очите на оној мој сомун, а знаеш какви очи тој има, да извиниш; а таа зборува, зборува и не мисли да запре.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Му се стори како да ја гледа сликата на Лондон, онака простран и урнисан, град на милиони канти за отпадоци, измешана со сликата на г-ѓа Парсонс, жената со збрчкано лице и со разбушавена кадрава коса, како безнадежно се мачи со затнатиот одвод за ѓубре.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тој сега ми кажа дека не е крив и дека така наредил воспитачот, а нему му рекле да си ја гледа работата.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Сѐ поретко ја гледав Клара. Таа повеќе не доаѓаше во болницата, ретко ја посетуваше Сара, кога доаѓаше кај мене мајка ми секогаш наоѓаше некој неубав збор за неа, и таа не се чувствуваше добредојдена.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Додека водоводните цевки се тресеа под напон, Боге ја замислуваше под тушот како што ја гледаше често: примижана од густиот сноп капки, си ги приподига градите да одмери колку ѝ виснале, поминува по половината да насети дали се здебелила или не, па се удира по задникот со истите раце како да кара дете.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Ја гледаше, ја гледаше низ раширените прсти, и можеби токму затоа што така долго и внимателно ја гледаше и ја испитуваше, таа му помогна да открие многу работи.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Си доаѓа Билјана од училиште, јас ја гледам и очекувам да го чујам она нејзино: „Денес за малку ќе добиев петка, ама...“ но таа молчи. Да, да, молчи.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
А белината што ја гледаше беше сѐ побела и појасна, без прегради, провидна до отаде провидноста. Се почувствува среќен.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Но дури така Јован и Крсте си ја гледаа страшната смрт во тесното одајче, а кајмакамот и бимбашијата ги трлкаа задоволни рацете, оти за неколку минути или најмногу саат ќе ја свршат и оваа царска работа, по уличето откон битолско џаде се слушнаа прапорци од пајтон, а на местото од пајтонџијата не човек со црвен фес, ами европејска паларија, а до него исто таков друг, со шарен бајрак во раката.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Татко ѝ ја гледаше, а погледот му цутеше, срцето благуваше.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ништо, нека си бере, нека се радува, а јас ќе седам скраја, ќе почивам и ќе ја гледам.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Или во малку веројатниот случај да успеал, дури и откако те однел в кревет, докрај да се прави буч, сите други илузии ти се здробиле – според главниот лик во Приказни од градот од Армистед Мопен (1978) – откако потоа си отишол во тоалет и таму си му ја открил целата козметика.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Како што разговорот што го слушнав и светлината што ја гледав она попладне кога се откри неверството на Луција во џипот, во тоа сум убеден, не беа исечоци од мојот живот, туку од некој друг; тие, тоа попладне не ми припаѓаа мене, по истиот начин како што не ми припаѓаше ни телото на Луција онаа ноќ.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Речи му чинев така на Јона и - плачи, плачи, плачи над Роса, дури да замалам. Ја гледам како кашла, заоѓа и помодрува. Море, море - зорт, море.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
ФЕЗЛИЕВ: (Ја гледа. Се двоуми. Одмавнува очајно со раката.) Благодарам. Ништо, ништо...
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Не ми се прави фраер. Ти се дига ли кога ја гледаш девојкава?
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
Рози забележа дека Кети ја гледа и срцето се зргчи поради тоа.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
- Биди умен, куме, покори се. Онисифор Мечкојад ја извадил десната рака од пазуви.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тој ѝ кажуваше приказни за далечни земји.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Еве, земајќи го „примерот на една рака во движење”, тој пишува: „Бидејќи секој континуиран квантитет е делив до бесконечност, движењето на окото кое ја гледа раката и се движи од а кон б, минува низ просторот аб кој исто така е континуиран квантитет и, според тоа, делив до бесконечност.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
За дамите од Институтот, Полјаците се учтиви, културни, иако се од наш сој, словенски.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Соколе не зајде со умот, да не ја гледа безнадежноста на своето чувство.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Секој си ја гледа својата работа и си се реди како што му е згодно.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ја гледам и не знам што да прашам повеќе.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
-Војни беа тогаш, велеше Софија во Скопје.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Гледам само како станува од санката снеможена, слаба.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Секаде ни ја гледаат само лузната, вели и си ја брише, си ја оближува устата...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Еднаш пак на Јона да му текне: ќе ми ја гледа работата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Турското господство во Македонија ќе се зачува само тогаш ако во неа има многубројно население што ја гледа својата благосостојба обезбедена само под власта на Турција.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ја гледате високана бела зграда? - Онаа со дванаесет катови? – покажувам со рака. - Токму таа.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Во едно сум сигурна, таа рака во овој миг ја гледам само во тебе.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Бабата Петра си направи три пати крст на градите, мислеше никој не ја гледа, ама тоа не ѝ откина на мајка ѝ на Чана.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
- Онаа сива кобила ја гледаш ли, еј? - праша Бојан.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Одам секаде кај што одеше Јон, кај што работеше. Ја гледам трупалката, кај што сечеше дрва, коралницата на која ги овчеше колцата, кај што ја точеше секирата, брадвата теслата; ги гледам деланките, секаде има по нешто негово, по некој засек, по некоја сенка, стапалка, а него го нема.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ја гледам твојата крв и не можам да мислам на венци.“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Кога се наоѓа веќе во Истанбул првата желба е да го видиш Босфор, зашто од овој природен канал патуваш кон приодите на Црно Море и веќе ја гледаш и Азија и можеш, доколку ти се укажува можност, да стапиш еден чекор на нејзиното тло.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Погледот заскитан некаде, како да го гледа слободарскиот дух над Македонија, ја гледа слободата пред себе во нејзиното свилено руво,исправена како им се доближува...па потоа пак им бега, како свилена сенка од облакот на слободата која ке се зададеше за миг, за потоа пак да се скрие...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
А ја гледаш сега Султан-Муратовата џамија? Најубава е од сите.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Ја гледам во очи и не ми е верно, знам и самата за своите деца да бидам бескрајно необјективна, ама до толку!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Ја гледам месечината во ноќта ... а тебе те нема ни овде ни таму некаде..
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Ја однесе да ја гледаат Младата Чехинка, а таа се почувствува горда седната до него во првиот ред од театарот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Штета што никако не можам да го натерам да прифати, зашто мене од сите борачки вештини ми се допаѓа токму таа што толку пати сум ја гледал на филмовите со Брус Ли и Нинџа.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Ќе се вратиш... и ќе се љубиме, мил мој - еден за друг ќе живееме - во твои очи ќе ја гледам мојата лика - како во огледалце ќе ја гледам - како првпат кога ме виде - со тие очи - милозливи - кротки - светнати...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Та така и јас, кога со прстот проаѓам по букви непознати, ја чувствувам нивната топлина и светлината нивна ја гледам, оти секоја топлина има и своја боја, и знам дали записот говори за студено или за топло, за мрачно или за светло, за арно или за зло.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
- Чудно, не сум го видел вашето лице на екранот, а таа телевизија обично ја гледам.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Кога ја гледал од подалеку, му изгледала убава, складна средна дебелина, но кога ќе ја видел одблизу, впечатокот го менувал, се пишманел.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Надвиснати над неа, над тутурката, главите на сојовите отпрвин ништо не разбираат, но после, откако ја препознаваат Потковицата, и зашто ја гледаат нарисувана, силно се возбудуваат.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Се печеа на сонцето во жешко време, се пикаа еден во друг кога ќе застудеше навечер, се покриваа со ќебиња и мутафи кога ќе заврнеше дожд и стануваа жива вода; кога ќе заплускаа громови крај нив, се крстеа и го молеа бога да ги одминат; дење ловеа риби, ги следеа со очи облаците кои се згуснуваа и разретчуваа, го гледаа нивното престорување во некакви чудовишта и нагаѓаа ќе има ли дожд или не; го гледаа сонцето кое час се заплеткуваше во облаците, час подизлегуваше за да светне и да покаже дека е тука; ноќе пред за заспијат гледаа во ѕвездите, кои како што одминуваше ноќта, сѐ повеќе се намножуваа и стануваа поголеми и како да се спуштаа надолу; ја гледаа месечината која секоја ноќ се тенчеше и го изоструваше својот светол срп триејќи се од облаците; го слушаа секој шум на водата што во ноќната тишина јасно се разносуваше час потивок, чад посилен и по него дознаваа дали езерото ќе се вознемири или не.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Девојчето ја гледаше десетдинарката со којшто тргнало да си купи бонбони, размислуваше, но најсетне ја подаде: „Дај ми ја, чичко, црвената!“ - рече.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Вујошевиќ испраќа апел до сите [не]вработени дека најпрво тие самите мора да си ги знаат и да си ги бараат своите права, а потоа и синдикално да се организираат.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Седи Богдан на клупата под борот: во албумот отворен во скутот ја гледа сликата од синот.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
А сепак, следниот ден по погребот, тој ми рече: Јас ќе си ја гледам работата, ама тука сум, ако нешто ти треба.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Ја гледам како влече, како ја полни устата со чад.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ја гледаше Водата од височина, со изобличено лице и насмевка што грми, а ехото од смеата грдо се повторуваше во воздухот.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Додека ја гледав, посакував да се отвори под мене земјата и да исчезнам во некоја длабока дупка.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Молчев и не ја гледав, божем не ја забележив кога ми се доближи.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Секогаш пред легнување се слекуваше гола пред огледалата и со својата убавина ги возбудуваше: се грабеа огледалата кое побргу да ја фати и што подолго да ја здржи во себе: некои ја фаќаа во профил, некои анфас, некои одзади; таа ја гледаше нивната возбуда и како да сакаше што повеќе да ги излудува: се доближуваше де кај едно, де кај друго, де кај трето, де кај четврто...
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Значи, за да станеш видовит, кој го раскажува минатото, ја гледа сегашноста и „може“ да ја предвиди иднината, не мора да завршиш студии за историја (дека така одеше дефиницијата за историја - запознај го минатото, за да ја разбереш сегашноста, за да можеш да ја предвидиш иднината), ами само еднаш да паднеш во кома на пократок рок, па кога светлината на крајот на тунелот ќе ти се појави, да се сториш пишман и - оп, рикверц, ама со нов ум, претприемнички подготвен да го спасиш и општеството и човештвото.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
- Ах, Вера... - вели Мими и ја гледа молбено.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Тоа што ја чини пријатна специфичност Набоковата проза, е тоа што таа, не како се читаше, туку како да ја гледавме, што произлегуваше од мизансценската дарба на писателот, сега во драматуршки услови стана главно, а речта на хероите (личностите) добива изразити лексички достоинства, што е таква голема реткост.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Тука е, шепнува. Сокриени зад огромниот фикус, ја гледаме како уште еднаш заминува...и веќе е на крајот на мермерниот базен: се нурнува, се потпира со рацете на работ, изронува, се извива над водата, се одделува од неа со капки посеани по лицето.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Што правиме тогаш? – Тоа се мигови кога ја гледаме смртта в очи.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Снеже со очите го впиваше лицето на Рада. Ја восхитуваше со бистрината што ја гледаше.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
А јас ја гледам и, додека ја сечеме заедно, божем случајно ја допирам нежно за рамената и ја бакнувам во вратот.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Навистина, му ја приспомнав думата, но и самиот ја гледав и ја следев чумата. Чу - ма - та.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Но кога ќе ја сретнам очите ги кријам, си свиркам, божем ништо не е важно, и си мислам: зар за неа јас да не спијам... Но свртен ја гледам долго и тажно...
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Постојано ја гледаше матарката на колкот на Шишмана како се мафта и ништо не можеше да смисли.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
- Напни повеќе, вели Уља, а јас претам, ја удирам главата со тилот и Уља не ја гледам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И брзо, неповрзано и нејасно ги заплетка зборовите прскајќи нѐ со ситни капки: - Сум ја чувала, и сум ја гледала, и сум ја ранела осумнаесет години, проклета да е, и сум бдеела ангелски над неа, а таа - ни благослов да побара од мене, се фатила кучката со некој пијаница, и ајде без збогум, како да нема мајка, а јас овде од грижи се сушам, не зела ништо топло со себе, може да настине, чедо мајкино, тој не ќе ја чува, пак мајка ќе побара, а јас...
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Соединувајќи се со стварноста, затоа што си дел од неа, ја прифаќаш како убава, почнуваш да ја гледаш како убава, вклопувајќи се како среќно камче во големиот светски мозаик на стварниот свет.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
И на овој начин требаше да ја гледаат моќта на народната власт.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Ја гледаше како се просребрува, иссвирувајќи пргаво низ дебелиот трупец, ја гледаше како тоне во неговата длабочина, сѐ додека не можеше да ја префрли преку себе првата вита штица, што ја извади; можеше притоа многу лесно, со сите примитивни лостови, од кои беше самоделски направен целиот тезгав пред него, уште во првиот следен миг да ги упати замавнувањата на таа подивена челична стихија во она место од трупецот, каде што му беше потребно нему, а пилата го послуша и писна.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ја гледа Богдан Видуша допрена до него на сликата пред училишната врата и му навираат нејзини зборови од писмото што го најде во ковчегот заедно со другите неиспратени писма: „Еве ти пишувам пак, иако не знам каде да ти го пратам писмово.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
- Значи, - се замеша и Коте, - можат да си ја гледаат работата, - рече, зошто сѐ повеќе почнуваше да мисли на мисериштето и на компирите.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Ја гледам и со едно малечко дигитронче што работи на сончева светлина сметам, смета...
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Јас сфаќав дека тој сакал да ја гледа до себе во летните вечери облечена во тенко и онака миризлива и мека.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Татко молчеше. Ја гледаше со извесна радост која се читаше и по нејзиното бело, негувано лице.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Царот ја гледаше небесната птица уште малку, а потоа рече: „Повикај го да се симне.“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Ја гледа Богдан сликата и пред очите му излегува тој жежок јулски ден: гори полето под врелото сонце, а тој со мајка му и со другите аргати од селото жнеат жито во нивјето од кметот на селото; се исправаат повремено за да ги ублажат болките во превитканата половина, да ја избришат потта од лицето и да му се подзавртат со грбот на сонцето што ги дупчи в глава, што им го зовира мозокот, зашто нема каде да се засолнат, да се подзаскријат.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Уште ја гледам Сталиновата слика зад неа, како нејзино продолжение.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Наставничката предаваше, ја гледав внимателно, право в очи, веројатно мислеше дека сум многу заинтересиран, ама нејзините зборови летаа покрај мене и низ отворениот прозорец одминуваа надвор - во спокојното септемвриско претпладне.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Некои од тие што остануваат да му слугуваат на манастирот, радосни се што ја гледаат оваа убавина надополнета со луѓето, со панаѓурот, а некои се стискаат за своите родители, не се делат од нив, плачат.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Тој не стигна да ја задржи. Ја гледаше збунето, изненадено.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Висока - се извишуваше над сите. Раскажуваше нешто и чудесно се смешкаше.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Сето тоа му го исприкажаа на нивни каурски јазик, а везирот го разбра без никаков преведувач, та дури и самиот зборуваше по каурски, Арслан ги потврдуваше зборовите за негово пленување и ја гледаше сестра си Анѓа, која ги милуваше со своите црни очи.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
На прозорецот ја гледа и пчелата што неколку утра му доаѓа и прпелка, удира на стаклото да влезе внатре.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Ќе видиш дека пред вас ќе си појдам дома, вели, јас ја гледам куќата, вели, ене ја ондека.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Никој не ја гледаше, ни нејзиниот пар, ни нејзиниот ривал.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ги пасат коњите, ги навртуваат покрај патот и ми ја гледаат работата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
На ширинката пред нејзината зграда некои деца веќе имаа направено патеки во снегот и весело ги влечеа санките по нив.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Тој така ја гледаше. - Што е ова!? - прошепоте. Му се причинува или сонува, со Рада кон него одеше уште една Рада.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Ја гледаш ли онаа пукнатина - праша Бојан. - Да.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Парацелзус го испрати до работ на скалата и му рече дека секогаш е добредојден во неговата куќа.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
— Дури ја гледам, вели, како да се враќам дома...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Покрај него застана старец и праша: - Што е ова?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Кога ѝ се доближила, имала што да види, во подадената нога на мечката наденат еден голем трн (глогов) , а мечката со милни очи ја гледала мајка ми.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Така многупати сум ја гледал Велика моја да ја заметува печалката.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се враќа Бандо во постелата, ја гледа жена му кај што спие со собрани усни низ кои шишти нејзиното дишење како фитил да гори.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Мајсторот долго ја гледа позицијата и една увереност сѐ повеќе го проникнува - дека заправо неговиот млад партнер побрзал кога му понудил пред неколку потези реми.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
„Има луѓе што умираат праведни, има луѓе што умираат грешни”, им велеше попот: ”на праведните смртта им се јавува весела, а на грешните намуртена, страшна, лоша; луѓето се страшат од неа и затоа пред умирачката си го покриваат лицето со покривка за да не ја гледаат; смртта е како некој мајстор; турли-турли алати има: тесла, пила, секира, глето, клешти, сврдел, копан, затегач, турпија, скоби и многу други алати; најпрвин ќе зафати болниот од прстите да го разглобува со сите тие чешити алати: оди од зглоб до зглоб, и откако ќе го разглоби, почнува жилите да му ги сече, и најпосле ќе почне со секира да го мава по тилот додека не му ја земе душата; кога ќе му ја земе душата - ја носи право кај бога на поклонение, а потоа, еден ангел ќе ја шета душата открај-накрај на небото и открај-накрај на земјата за да ги види сите убавини; ќе ја носи по сите места каде што шетал човекот додека бил жив и ќе му покажува ангелот сѐ што чинел: добро или лошо; на четириесеттите дни ќе го врати човекот кај гробот и ќе му ја покаже мршата негова кај што лежела внатре; по четириесеттите дни, пак ангелот душата ја носи кај бога, и тогаш господ ќе му заповеда на ангелот да ја носи душата во рајот или пеколот; ете, затоа треба на умрените до четириесетте дни да им се пее на гробот и да им се носи задушница; со тие добрини може господ да се смилостиви и да им ги прости гревовите: зашто до четириесетте дни душата не му е пресудена на човека”.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Секогаш ја гледа таа негова прилика како се лула на своите несвикнати на одење нозе.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- Па и тука секој си ја гледа работата... А се познаваме, разговараме, - Бојан ги стави рацете на уста и викна силно, оптегнато, та планината екна од неговиот глас: - Еееј, Кирилеее!
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
На Грдан се чини не му беше јасно зошто ја гледаше бело, па Горда се наведна поодблизу да му објасни, толку доверливо што шепотеше.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Неодамна, со ќерка ми ја гледавме на ТВ, инаку, симпатичната играна серија за гореспоменатиот старогрчки шампион во боречки вештини.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
И јас секогаш кога ќе го слушнам зборот Кујна, ја гледам мојата нана надвисната над шпоретот во кујната како размислува дали да му свари едно јајце на дедо ми за ручек или да не го прави тоа.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Како да ја заборавам грозоморијата што сум ја гледала на Беласица, барајќи го Трајана, мојот домаќин?
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Оттогаш, секое утро се разбудувам пред муграта и ја гледам. Ова ми е прво утро да ја видам вака валкана, градска.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
— Чекај, Досто, да те вида, чекај, јагне, да ти се нагледам! — рече замајано и како за себе почна да си зборува, кревајќи ја главата кон таванот на земникот: — Е, е, е, сполај ми ти бре, боженце, кога и јас челад су ти бил, кога и за мене дел си одделил! — и ја гледа право во лицето и ја држи за раменици.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Така беше и со првите американско-палестински разговори во Картагина.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Козлето одеше по својот пат, од далечина ја гледаше куќата на Сеген, нејзиниот довчерашен затвор. Беше во зенитот на својата среќа.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Потоа рипна, ја исече сета нејзина руба спремана за невеста, ископа гроб, вистински, и ја закопа - но не подалеку од очите, долу во оградичето: За да ѝ го гледам гробот, рече, ако не ја гледам неа жива.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ќе му ја гледам стапалката во снегот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Како карпата да беше тој самиот.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
На крај, ќе зборувам за тоа што може да биде корисно доколку ја гледаме терапијата како разговор. * * *
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Ја гледав низ прозорецот Билјана како го полни кофичето и како со ред ги полива сите дрвца.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Полека, како божем секое нејзино нагло движење да може да ја разлути змијата, таа го зголеми растојанието помеѓу себе и змијата и, додека сѐ уште ја гледаше, но сега на доволно безбедно растојание, јурна да трча и, спринтирајќи околу аголот на куќата, брзо влезе во кујната.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Гладот ли што ги мачеше и нив исто како и џганот, или сликата на гладот што ја гледаа пред себе во партали, боси нозе како ѓон со крвјосани петици, гурелави очи и остри коски како сабји подадени под смрдените кошули на оние што ја преживеале чумата, ги издели некако двајцата од несреќните и ги направи поблиски, иако со сркањето од бакарните чанаци сакаа да покажат, ќајата - дека и покрај човечката слабост тој си е обезбеден пред допирот на несреќата, а тој пак - дека е благодарен и почестен што е со него.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Сите млади коњарки беа дошле во дворот од Силјана за да ја гледаат радоста; сите се радувале и се веселеле; само Силјан штркот стоел на таткова си куќа омаудрен со главата в земи, од голема жал што му дошла, дека ја гледал од сестра си свадбата.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Водејќи ја мазгата, се замислувам високо, на некоја точка од пепелавото небо, и ја гледам малата копачка дружина долу: двајца мрдаат во црвеникавата дупка, еден горе подава раце напред и ги враќа назад, маската како црн гуштер тегли споро донекаде, застанува и се враќа.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Разговорот воден на каурски јазик и средбата на Анѓа со Ангелета ги окуражија другите сужни и сите му заблагодарија на господа што ќе им помогне на овој начин; дури и оче наш го прочитаа во себе тие што го знаеја.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Ете, ја знаеше и од порано, а сега само го привлекуваше виденото, како да успеал најпосле сликата да ја стави во достојна рамка, за да ја гледа одблизу.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Ја гледа Петре оддалеку, ја спомнува приказната дека од една самовила се изродени најубавите девојчиња на светов и во песна ја проточува таа сказна.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Одеше од десната страна и, наспрема езерото, му ја сеќавав и повремено му ја гледав неговата става.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Затоа, Пруст сметал дека единствениот начин геј-мажите да го надминат посакувањето стрејт-мажи и да успеат да се посакуваат меѓусебно, би бил да се прелажуваат, да ги глумат вистинските мажи какви што самите толку катастрофално не успеале да бидат и што е можно подолго да ја одржуваат шарената лага (иако никако нема да им успее да се преправаат многу долго).319 Така било, се разбира, во старите лоши времиња, пред геј-ослободувањето, кога геј-светот сѐ уште бил поларизиран поради поделбата на кралици и трејдови.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Депресија: попладне Кога влегува во подземното легло ја затвора вратата подраматично од Мадам Шоша во санаториумот на Волшебната планина гротлото на растревоженоста е преполно жешки, ли-з-гави капки се прелеваат низ креветот се подлизнува и паѓа под нозете без тло, одлепено се покрива целосно лицето два пати - никој да не ја гледа. Мижејќи, создава привид на невидливост.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
И колнела расплетувајќи ги косите и паѓајќи на коленици, секој збор да ги жегне, семето да им се сотре, утрешна бела виделина да не дочекаат. Не ја тешеле.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Излегува од зад трнот магарешки,пред ровот, еве вака, колку дваесетина чекори од мене. Ја гледам,се облекла во невестинска облека.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Но за се треба двајца, а овие двајца односно ние двајца некако сѐ помалку имавме што да си кажеме, сѐ помалку ја гледавме смислата на нашата врска. Сакав малку да се тргнам од сѐ.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
баму ја, седиме така во темницата и се плачеме, сакаме да го подзапреме времето, да се оддалечиме од смртта што нѐ чека, јас веќе си ја гледам мршата како ја раскопуваат дождови, како скапувам и се смалувам, се гледам пред себе си, така, како своја слика да држам в раце, само Силе Плевнеш грчи во ќошот, бичи некои глуждови трупци, ама времето кој го запрел досега, го запирале царови, кралови, тепачи, арамии, врачари и јаки луѓе и никој не останал со него и како што седам така, оп - се обзорува, некоја бесшумна светлинка ни влегува на прсти во собата и со светлината влегуваат и војници, оф мори мајко, ајде вика старшијата, Силе Плевнеш уште грчи и старшијата го клоцнува в слабина и овој рипнува, си ги брише слинките околу устата, сакате поп да ве исповеда, јас не сакам, вели Силе Плевнеш, и без поп господ ќе дознае за нас, знае тој дека на правина нѐ земате на душа и после нѐ поредуваат во дворот пред затворот, а Стеван Докуз пак приплакува, ги покрива очите, што ќе му правиш: тој ти е другар во несреќата, „пријателот ти е роднина кого самиот си го одбираш“ велеше Лазор Ночески, а војниците чекаат со пушки пред нас и ете го дојде тој, офицерот, се тетерави 121
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Од внатрешната страна на ѕидот на лотката од стар весник пишува дека го убиле Троцки.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Божем ја гледа природата и не го пушта сликата нејзина.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Жаклин беше лотка до половина потоната во морето на велеградската беда а јас стоев, ја гледав, ја слушав и чувствував дека полека полудувам.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Така Митре протурка две години во неиздржлива желба за својата куќа, што ја гледа, а не може да влезе во неа, ниту пак може да разбере барем нешто за своите најмили.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Долго и молчешкум ја гледав мајка ти и го запамтив секое треперење на нејзините образи и збрчканото лице на кое и покрај длабоката старост, меѓу брчките сѐ уште се сочувани остатоци од дамна одмината убавина.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Ја гледаш еднаш говедарката наша, - се јави зад Коча ѕвечливиот глас од бабата.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Тоа ти е, како да ти речам... Го гледаш небото полно со ѕвезди и си одбираш една, ја гледаш, ја гледаш и си мислиш дека е само твоја и си мислиш дека ќе ти донесе голема среќа.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Најпосле, подобро би било и самиот тој да не се згодеше овде да ја гледа сета случка.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Во таква ноќ без ѕвезди, на таков мрамор, Бог не само што ја гледа мравата, туку го слуша и топотењето на нозете нејзини.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ја гледам сега Жења и уште се мачам да не верувам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ја гледав поразена. Таа, нашата спасителка, излезена од толку траншеја од далечните и од блиските војни, од сиромаштијата, како да беше пред некаков амбис.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
На именката девојче, Ивона слатко се насмеа, но Виктор вистински ја гледаше така.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ја гледам жедно во набрекнатите цицки.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Си ја гледаме косата како ни паѓа во отсечени перчиња по рамената, по колената, под нозете.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Стварноста е убава, ако ја гледаш како убава; нејзината суровост попушта пред твојот милослив поглед.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
И како што ја гледам таа се затресува и вреснувајќи, скокнува Леле, дејтту!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
- Никого не познаваш... И убаво ти е, а? - Па ни убаво, ни неубаво... Онака... Секој си ја гледа работата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
На гробот му ја ставија бистата што си ја направи. Луѓето ја гледаа бистата и се восхитуваа на неговото мајсторство: изгледаше како да е жив Танаил.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Перса долго ги држи зборовите на малечката, толку долго што денот изврвува и стигнува Пелагија од работа и додека се пресоблекува и насекаде расфрла миризба од тутун, ѝ кажува дека малечката Пелагија е многу итра, дека зборовите се лепат за неа и ѝ будат секакви мисли, Вели со сукалото се сука пита, мазник, рашадија, а не живот! ѝ кажува Перса вртејќи се околу Пелагија додека оваа како пред сопствена мајка, ја фрла работната облека, ја открива својата стројна снага настегана во црниот комбинезон нудејќи се пред неа како нејзина ќерка без да насетува дека Перса токму како таква и ја гледа, и ломоти додека навлекува лесно фустанче на бела основа со сини цветчиња Ох, мајко Персо, сега таа е отворена за сѐ, нема нешто што не се лепи за неа, а смислата на сето тоа подоцна ќе го открива.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Томче долго, долго гледаше во забелените полиња и ридови и му се чинеше дека ја гледа најубавата претстава на природата.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Мариово останува и понатаму султанов хас што ќе дава сто илјади аспри годишно, кои пари лично на султанот ќе му ги носи секоја година мариовскиот земски кмет што ќе си го избира народот.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Дозволи ми и натаму да ја гледам пепелта. Ќе се вратам, кога ќе станам посилен и ќе ти бидам ученик, и на крајот од Патот ќе ја здогледам розата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Им рече... ја гледаат збунето Гегите неа: лик на природата сама...
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Во тоа време Митра ја гледаше што прави, и кога почна да плете поарно од неа, си рече во себе: „Море, орјатката една, ваа пофарк ќе излезе од сете нашинцки невести!“, — но ништо нејзе не ѝ рече, само ја охрабри.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Илко ја гледа неа, таа него, но од возбуда и среќа не можат збор да испуштат од уста.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
„Можеби среќата, како и гревот, е во очите на оние кои ја гледаат,“ рече Сара.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
- Ја гледаат и цела Путка - ми возврати Амди Кола.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
И сега ја гледам како излегува од портата на куќата, со нацрвени усти, теглени веѓи, напудрено лице.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Да ти е жал да ја гледаш жива.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тврдината првин ја гледаше од долу, зашто кулите нејзини и бедемите, токму во средината на градот, стрчеа високо.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Таа не знаеше дека тој вечерва воопшто не ја гледал како Јанте, дека за сето време седел долу во бифето на театарот и станал дури кога загрмеле ракоплескањата на крајот од претставата.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Се надевам дека ја видел барем онаа светлина која сите ја гледаат - на крајот!
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Како да најде тиква печена. Ја гледа мината поднасмевнато, вели, и ја потклоцнува со ногата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ја гледав право в очи, но не толку отсутно колку што можеше да се очекува по толку големиот замор, со последните атоми сила што ми преостануваа.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Таа дотогаш не беше забележала дека Крсте ја гледа, та дури чудо ѝ стана кога слушна дека овие му се фалат и сакаа дури да го тепаат заради неа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ја гледаш? Викни ја, Кире, викни ја...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Има луѓе кои не си ја гледаат својата работа, па се замешуваат во туѓите...
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Откако ме прегрна, продолжи да си ја гледа емисијата, велејќи: – Глеј, сине, пусти ние, што ни се случува во родната земја. Кијамет.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ја гледам фотографијата. Мноштво народ.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
— И ја гледа Бојана право в очи.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Промената не ја гледаме но таа веќе се случува голема прво во нас потоа насекаде се случува таа неизбежна како судбина под премалениот трем на попладнето.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Девојката брзо одминуваше, а Едо втренчено настојуваше да ја гледа што подолго и да ја види што подобро...
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
И кога ќе легнеше да спие, и ноќницата што ја носеше под расото, ѝ беше исто така долга за да не ѝ се види белата кожа на телото, која веќе ѝ стана одбивна и ја гледаше со преѕир.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Му ја гледаше само левата страна од лицето, побелениот мустаќ млитаво виснат, металното копче од блузата жолто блеснато како око на мачка.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- Лефтеро - ѝ вели и потсмешливо ја гледа – Шарко твој, изгледа гризи земја...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Можам да си замислам како си ги вадам сеќавањата од зад уво и одеднаш пред моите очи излегува бифокален објектив (што зголемува и што намалува) и во долниот дел ја гледам моменталната виртуална стварност, а во горниот моите електронски спомени од минатото (се работи за виртуален теле-микроскоп и во продолжение ќе зборуваме за виртуалните објекти).
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Богдан гледајќи како се витка гола и како се умножува во огледалата, му стануваше уште поубава и поопчинувачка; не знаеше на кој дел од нејзиното тело побргу и повеќе да му се изнагледа и изнарадува; му се чинеше како првпат да ја гледа, како да не е таа Марија, ами некоја самовила што маѓепсува и излудува.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Ја гледам во очите но не можам од нив да прочитам возбудена ли е, радносна ли е, тажна ли е.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Уште една причина нѐ тера да не ја гледаме студијата како завршена целина.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Вели: „Трагата на ѓаволот не му ја гледаш и пак по неа одиш“ , велеше Лазор Ночески и тогаш се сетив дека кај нас е центарот на светот и дека токму над нас седи господ и оттука управува со сѐ што е на земјата, а тоа го дознав уште на одење во Америка, оти колку повеќе се оддалечував од селото, толку повеќе се оддалечував од центарот на светот, дека секој чекор ме носи подалеку од господа, понакрај од земјата: кон работ нејзин, кон нејзината провалија и си мислев дека ако појдам уште потаму, ќе паднам и ќе паѓам,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Пелагија цело време клечи пред нејзината скутница, ја гледа право во очите и проговорува Добро си направила, мајко Росо, а и Атанас добро ги нанижал зборовите.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
И секој ден донекаде стигнувавме: ја гледавме Америка, Азија, Африка, нилските коњи и крокодили, се качувавме далеку во северните краишта на Земјата и гледавме: бели мечки, ирваси, китови и што ли не.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Се враќам на започнатото. Додека мајка ти раскажуваше, јас непрекинато долго и молчешкум ја гпедав и го запамтив секое треперење на нејзините образи и збрчканото чело.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Хипнотизиран, ја гледаше светлата пруга во зеницата на мачешкото око: Тебе те ставаме меѓу тројцата судии.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Којзнае кај ја гледаше и како ја гледаше Теменуга, ама ја моли, на клепки ѝ се обесува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Лео Берсани јако го пренесува чувството на геј-посраменост поради неминовната пропаст на геј-мажественоста упатувајќи на „класичното спуштање: влегува буч во бар и се топори наоблечен во кожа, зинува и звучи ко пешован, те носи дома, каде што првата работа што ја гледаш му се сите дела од Џејн Остин, те легнува на кревет и – и другото го знаеш“.320
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
„Ти го украдов, татко. Ти го украдов“, рече, откривајќи си самата на себе со кого разговара и како на јаве во сеќавањето ја гледаше сликата од пред повеќе од седумдесет години кога татко ѝ, по посетата на ќерката, излегуваше да се врати дома, во своето село, а по него, испраќајќи го, одат прво свекрва ѝ, па свекорот и најпосле таа самата, со покорно поведение и на растојание зад нив.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Ја гледаш ли убавината на тоа, Винстон ?
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ја гледав потем Билјана како секој ден со малечкото кофиче ја полива својата праска.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Додека од огледалото ја гледаше Јанте во душата ѝ ѕвонеа зборовите на Херо.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Строг беше нејзиниот татко, строго ја гледаше во детството, строго ја пазеше во првата младост и така ја изградуваше нејзината судбина, неразделно од својата.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Но тие треба да ја гледаат во иднината реалноста, а не тоа што им се бендисува.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Кога бабачкото ќе се изнамава, ти кинисуваш напред, всушност, кинисуваш да си ја гледаш твојата работа.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Седнав до Соња. Столчето го доближив за да ѝ ја гледам нотната тетратка.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Јас пак ја гледав Големата вода, го слушав нејзиниот глас, летав над нејзиното огромно пространство.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
На возрасните пак, што ја гледаа оваа чудесна игра, таа им покажа како едно дете може да биде среќно и само со една едниствена цреша.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Салото под елекот закитен со тежок сребрен синџир му се бранувало од задоволство додека ја гледал толпата обземена од тапа љубопитност, пред секакво чудо и сите што му биле и што ветувале дека ќе му станат купувачи на басма, шајак и јамболии можеле да се восхитуваат и да му се чудат - коњот пиел вино од поило и по команда се исправил на задните нозе.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
„Кулава што ја гледате, сакам да ја изградам за Париз, за Франција, за светот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Не приоѓајте му, Три жени со бели шамии околу главите Седат во полето и го чуваат него Спроти долгото патување низ темнината, низ бесконечните растојанија од студот до огнените знамиња на плодот, не приоѓајте му, Утрово ќе ги искачи ридовите и ќе застане на она место каде што застануваат јулските квечрини да ја гледаат девојката со срп во рацете како оди низ полето и застанува боса среде реката на залез сонцето за да ја оплоди и така размножена да истече со реката до свирепите мориња на усмата, Оставете го, Однесете му тогај вода, дајте му сол, и чист во душата нека си легне во полето да слуша како пеат светулките меѓу ожнеаните стебленца на пченицата.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Во неа да си го гледаш валканото лице, во неа да си ја гледаш муцката валкана, сурлата да си ја гледаш во неа, разбра или не разбра, а?!
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ја гледа сликата и размислува. Мајка му не е тука. Излезена е.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Се разнежнував кога ја гледав, полугласно шепотев: „Ова си ти, оваа мила убава птица“.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Потоа ја гледаше крвта, од која беше вапцан сиот снег наоколу.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Шета со очите и ја гледа прашината што рее низ воздухот.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Цела зима чистев, фрлав снег, правев пртини до изворот, до плевната, за да можам да ја гледам стоката.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
И, како што си ја мислам така, туку — оп, еве ја: и неа ја гледам меѓу жените.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„Задачата - вели Ботеро - се состои во определувањето, кога ја гледаме сликата да знаеме кој е изворот на нашето задоволство“.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Гледав во црневицата, во толпата, во шумата црна и чемерна и никаде не можев да ја видам мама...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Ја гледал, ја меркал откришум кога врвела низ селото, одел зад неа, одел отстрана, го гледал секој дел на нејзиното тело, ја вагал со очите како купувач кога купува добиче и се двоумел.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Сакаше да ја гледа додека таа лежеше со благо затворени очи, со бузите одвај одлепени една од друга откривајќи ѝ ги сочните бели заби, во постојан грч како пред голтнување горчливо апче.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Таа никогаш, ни во себе, не се пожали на Најда; тој ѝ беше добар „кога топол леб“, но не можеше да го заборави Дракчета и покрај топлина во очите на Најда Пашалески со која што тој ја гледаше, која што чинеше маката што ја имаше да ѝ олесни.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Смеев да гледам комедии на видео, а во она време успеавме да најдеме вкупно една и таа ја гледавме, секој ден. „Измамници“ се викаше.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Тапанџијата е клекнат пред неа, ја искривил шијата и ја гледа в очи; и свираџијата свирката ја вперил во неа, жилите на образите и вратот ќе му испукаат од напнатост; мевот му е стегнат со појас за да може подобро да дува; челото му е покриено со изналепени пари.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Америка мирно ја гледа војната како да е во прашање video-game.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Оттаму, од нејзината могила, таа ќе ја гледа куќата во која ги поминала сите тешки и сите среќни години, како и најголемиот дел од патот, оној единствен пат по кој во една далечна ноќ се качуваше кон ѕвездите и кон планината.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Милан.“ „Да.“ „Мислам дека сега е мртва.“ Милан се наведна и ја крена птицата. Ја држеше во рака цела минута и ја гледаше.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Вљубено ја гледаа снегулките, ноќта и тој. По образите ѝ се затркалаа, светнаа едри солзи.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Повторно ѝ се радуваа мајсторите: казанџиите, налбатите, столарите, касапите, тенекеџиите, со умилност ја гледаа чираците, а ние децата одевме по неа и не слушавме крици од птици пред заминување, туку слушавме умилна песна што извиваше од нејзината уста, а од песната пркнуваа светулки и надлетуваа над бавчите, на Кафтан маало и исчезнуваа над лозјата на Кумлако и Мерите.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
И околу немоќниот Тито, неговите последни генерациски пријатели кои беа делови на механизмот на владеење, како да ја гледав истата игра, истата немоќ и лажни илузии, да се спасат деловите на земјата, а да се изгуби целината, остварените вредности, понекогаш и по жестоки цени.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ако си го гледаш окото не си ја гледаш брадата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Не знам како ми дојде на тоа да мислам. Ја гледам буката, а над неа, низ вршките нејзини фрчат штрапнели, куршуми.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ни на сон не можев да претпоставам дека уште тогаш, кога вежбавме на разбојот, и тој ја гледал со исти очи како јас што сум ја гледал, како маж што гледа жена.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И ја гледаше мечката како се тептиса и како се расколеба.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тој е полн и црвен во лицето, страда од притисок но не може да се откаже од чашето, - се подистави малку со главата наназад, зашто е далноглед и не му помагаат многу ни очилата, а и книгата ја истава со левата рака и ја гледа некако искосо.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Татко ја гледаше Мајкината положба, но не можеше ништо битно да преземе за да се поправи нејзината позиција.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Се исправил тресејќи се со склопени очи за да не ја гледа белината на нејзините коленици и пошол нишајќи се кон покопот на најстариот од дружината.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сега таа помагаше во домовите во кои живееја жените избркани од своите сопрузи и во домовите за деца без родители.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Кај отиде водата, си мислам и ја гледам во друга бразда.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Пискулиев никогаш во животот и не помислувал дека ќе се најде во ваков капан, зашто тој имаше основа да го смета ова место не за мирни граѓани што си ја гледаат работата и единствената грижа им е да си минат незабележано и никого да не настапат.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Не знае како ми е мене. Мене и не ме гледа човекот, ја гледа само ракијата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Потоа стариот рабин ја гледа заветната арка на Мојсеј со таблиците со десетте заповеди во неа, светата кутија конструирана со две рала држачи за носење, означена со двата херувима свртени еден кон друг, на кои крилјата им се допираат над главите, направена од најдобрите мајстори според прецизен диктат од небото што до денешен ден стои запишан во Светата книга.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Наврапито се свртува наназад - лице в лице со Јана.. се џари во очите, темните очи - ама без светулки - светулките згаснале во некаков длабок вир од тага.. ја гледа, усните ѝ се движат, гласовите испрекинато навлегуваат во неговата душа, небаре далечно ехо: Тато ѝ кажуваше на мама - дедо ти ја продал ливадата - не ми се веруваше... не сакав да поверувам...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Ја гледа Богдан и размислува: се плаши ли од него да влезе, или можеби цвеќето ја привлекува само кога не може да дојде до него?
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Ја гледав шарата на одајчето со крупни листови, како јаворови, сразмерно поставени и со преливи на местата каде што е потребно.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ја гледаше, сета крвава, исплашена и мирна и ја пожали заради тој мир.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Старичката погледна наоколу и кога виде дека никој не ја гледа, прошепоти: - Дојди, дојди, наведни се, баба да ти кажи...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Морам, оти полека умирам во себе, и кога еден ден навистина ќе умрам, нема ни да почувствувам, оти одамна веќе јас нема да бидам јас, и некоја жена со која ќе одберам да се будам секое утро, веќе одамна нема да ја гледам како жена, ниту пак таа ќе може да ме спаси од тоа долгогодишно згаснување...“
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Ја гледаш Симка? Чиста ти ја давам како роса, како солза, како китка босилек!...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Речиси и пред да имал време да смисли нешто со што секогаш бил поинаков од другите, пркосен, брзоплет, во бриткоста како штотуку симнат од точило, се свртел да ја гледа во далечина темната модрина на небото.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Часот ми беше здодевен и долг.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Некои од селаните ја гледаа, а некои се тргаа настрана да не гледаат или ги затинаа ушите да не го слушаат жалното рикање на бикот.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Ѝ го гледав грбот; гледав како дише, гледав како ѝ се поткреваат градите, одзади гледав како ѝ се шират ребрата на градниот кош („како на кораб дотогаш неосвоен од туѓ морнар“, напишав во една песна); гледав дека е сосема свесна дека ја гледам и дека прави милијарда мали и непотребни движења кои ме излудуваа.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Со очите и мислите ја барав СОЊА. Ја здогледав меѓу група девојчиња.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Снегот што наврнал преку ноќта ја беше скрил сета друга грдотија на градот, и сликата што сега ја гледаше пред себе беше прекрасно и неверојатно чиста.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Во главната соба седеше татко Таки ја гледаше ќерка си со голема топлина во очите и и рече: „Ќерко, до сега во мојов живот, ретко кој можел да ме победи.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Ја гледаше сега таа зачекорена мечка како го скусува растојанието меѓу нив со некој нов скок и уште веднаш сети како од зад него се раззинува една длабока празнина, една ужасна провалија, и го влече кон себе; беше едно чувство како некој силен ветер да му дува во градите и просто го оттурнува да отстапи.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
„А третото прашање?“, ја гледам и чекам, белки било од хемија, физика... па душата ѝ ја вадевме со клетки, ткива, органи по биологија.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Се чувствував како мрава под небесната капа над која стои некој и ја гледа, а тој некој не е Он, Господ Бог Седржителот.“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Во локалите каде што навраќаа, ако забележеше дека некој ја гледа, Богдан го менуваше местото со неа или ја засолнуваше со своето тело.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Ако те исклучиме тебе што постојано си ја гледаш пред очи твојата Атиџе, такви будалетинки има уште многу на светов, но еден од најголемите и секако најславен е Данте Алигиери.”
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Како да ја гледам постелата од мртов, од изнесен човек.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ја имав само пред себе сликата што ја гледав додека ја работев картата.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Дежурната ученичка веќе го пријави како отсутен и наставничката по историја го запиша во дневникот.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Професорката ја гледаше токму неа, право в очи.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Една вечер ја гледам Роса, се доближила до огништето и се тресе.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
За да не ја гледа Анѓа, тој слабо идеше дома, испраќајќи го момокот Кулета, а самиот остануваше да спие со аргатите.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Впрочем, и денешниот облик баклавата го доби откако влезе во големите кујни на царската палата Топкапи во Цариград и стана култно јадење во царството и надвор од него...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И сега, на Велигден, кога му го донесе подарокот на Илка, да ти е мило да ја гледаш.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
На Крстета му се расипа планот. Сакаше нејќеше, остана зимото дома да ја гледа одблизу Анѓа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Рада со восхит и со полни очи солзи ја гледаше оваа трогателна средба.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Добивката од овој спор Вујошевиќ не ја гледа во исплатата на платите – бидејќи тие секако ѝ следуваат за сѐ она што го сработила тој период.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Работеше во градината незабележливо. Никој не ќе го сетеше кога доаѓаше, а и кога си заминуваше. Си ја гледаше својата работа.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Разбирам да е шајка, ја гледаш и знаеш на што удираш...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Така таа и во мракот ќе ја гледа виделината.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Доаѓаше и третиот распуст, третото мачно лето, кога Луција не ја гледав и по два месеца, оти одеше на село, кај баба ѝ и дедо ѝ, а јас сѐ повеќе губев надеж дека некогаш, кога и да е, ќе успеам да ѝ се доближам.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Го закопаа и постелата, купче, му ја запалија на гробот. Ја гледам Роса и се сеќавам на Каравила Пејкоски.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
„Кога ќе стркалаш карпа од ридот зар можеш да знаеш кого сѐ ќе повреди, во што сѐ ќе удри и каде најпосле ќе се распарчи и ќе се здроби!“, ми вели тој а со очите како и вистински да ја гледа таа огромна грамада што се валка од ридот и оди право кон него.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Причината ја гледа во пазарните услови на стопанисување и воспоставениот суров капиталистички систем, кадешто основата е интересот на капиталот, а не на трудот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Понекогаш Мил низ прозорците ја гледа борбата на ветровите што често се собираат над селото да се бијат; се бијат, Северецот и Југот, Источникот и Западецот, а во таа борба понекогаш се замешуваат и помалите ветрови и почнува еден општ метеж, хаос; час еден ветер зема превласт, час друг; во таа жолчност се кршат дрвјата, паѓаат ќерамиди од куќите, се рушат оџаци, пукаат прозорците, летаат снопови 'ржаница, паперка; се откорнуваат фиданки, младици се витлаат, лисја сламки, пеплишта; фиукат ветровите, урликаат како дивина, се витлаат по земјата, се креваат нагоре, фаќаат широк простор кон небото, и пак се спуштаат над селото и над брегот раскинувајќи го и чадот од дувалото во таа нивна борба.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Ледината на која се наоѓам ја гледам оградена со четири реки.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Зараснуваше раната...ја гледав. Да зараснуваше! Болот стивнуваше...
„Од дното на душата“ од Александра Велинова (2012)
Си ја гледа некаде пред себе Теменуга и си зборува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Со векови човекот ја гледал Месечината и горел од желба да се искачи до неа.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Исто како и светлината што ја гледав, а што беше и боја и музика и светлина едновремено. А сепак тоа беше Едно.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Луѓето ја гледаа сликата и се восхитуваа. „Прекрасни бои, сликаре!“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Крупни црни очи како црни цреши, боја на лицето како течно злато, забите бели па насмевката се разлева, кога ја гледаш како сонцето да те грее.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Ни се седи, ни се лежи. Постелата стои некрената и јас ја гледам и само прашувам: кој ја испразни толку постелата, боже?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ја фати пак за раце и ја исправи, та почнаа да се гледаат еден со друг и да се милуваат со очите, додека везирот, што ја гледаше глетката не заповеда: – Доста, Арслан-ага. Толку сакав да знам.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Секогаш кога ја гледав како е внесена во некоја работа се прашував што ли ѝ поминува низ главата.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Му ја гледам раницата и му ја земам. Посегнувам да видам што има внатре.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А јас да си ја гледам бундава! – Стрпи се, мила, па не е дојден крајот на светот! – За мене, крајот на светот иде кога ми се гладни децата! – Те разбирам, те разбирам, и мене не ми е лесно.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ја гледаше таа разнобојна драперија и се прашуваше што се наоѓа зад неа, зад тие рајски двери.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Слободата на Македонија, за која Грција истури реки крв ние ја гледаме и преку искоренувањето на немилозвучните имиња и презимиња, а имињата на шуми, ливади, чешми, патеки, ридови и таканатаму гледајте што поскоро да ги смените со слаткозвучни грчки имиња, зашто во спротивно цела недела сред село мечка оро ќе игра...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
4. ДАЈ МИ, БОЖЕ, ОЧИ ДА ЈА ГЛЕДАМ - и сите ѕвезди тоа боже зеници да ти ги всади нели е таа како сонце заслепен ќе си везден, а огнот љубовен, ко месец, ќе ти ноќева во гради...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
ФЕЗЛИЕВ: (Ја гледа. Отспрвин не ја разбира, но кога ќе ја открие нејзината намера и уште повеќе јаловоста на тој нејзин обид, тој ѝ се обрнува веќе мирно и смирувачки.)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Го здогледав и Љупчо. Беше свртен така што можеше да ја гледа Соња.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)