ја (зам.) - дере (гл.)

Џигерите, златното срце да му го вадиш, милите очи, кожинката да му ја дереш!
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Тоа беше како самиот себеси да си ја дерев кожата додека ја напуштав оваа кашленкава корупка од телото во кое луѓето го препознаваат Марка на Гроздана Поповски.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Тој пезевенк, даскалот де, ми фрли пизма и внука ми ја дери.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Иако не ги разбирав што зборуваат, сѐ ми стана јасно дури откако видов дека двајца мажи во моја близина ја дерат кожата од мртвиот алигатор.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Ама јас го гледав в очи и во себе го собирав плачот и болката и инаетот и чувствував како прачката ми ја дере кожата од дланките...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)