ја (зам.) - довикува (гл.)

На Фимка сѐ повеќе ѝ се чини дека гласот ѝ е познат и, гледајќи ја девојката од оваа оддалеченост, таа се чуди и не може да се изначуди, та се прашува, зошто ли токму неа, непознатата ја вика и упорно ја довикува?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Нејзиниот млад живот беше на конец, се исплаши и татенцето, се колнам, со најнежен глас ја храбреше, ја будеше. Ѝ дувкаше во лицето, мило ѝ говореше: - Другарке Оливера Срезоска, - со толку милозлив и добродушен глас ја довикуваше, - крени глава душичке, шепнеше, не жалости го општото дело, не умирај, не умирај, мила другарке, не попуштај во цветот и летото на твојата младост, не жалости го општото дело, како секојпат прибери сила, стани смело, - проклет да бидам, пропеа татенцето, се отвори, просто како поет говореше, низ песна.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Често така наутро ја довикував. Го правев тоа и во С., кога бев вознемирен. Агна, ќе ѝ речев, спиеш ли?
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Отрча со солзи по коридорот, и јас попусто ја довикував да ѝ се извинам.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И нѐ поставија во низина глуво да ја довикуваме откорнатата пазува.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)