ја (зам.) - довлече (гл.)

Кројачите одбиваа да ми сошијат војничка блуза без еполети и закопчана до грло, од школските, географски карти го избришаа моето родно место, ја довлекоа мајка ми во некој Реонски комитет и ја натераа јавно на митинг да се откаже од мене.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Кога трговците ја довлекоа до мене празната кола на две тркала, оној што беше спрегнат во левиот дел на јаремот, ми се претстави: - Јас сум Пишпирик, трговец на мало и големо.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Ја довлече левата рака до слабината на противникот и го стегна. Почувствува олабавеност.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ја довлече на суво. Со раце копа во песокот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Така ја довлече и до дома, под изговор дека заврнало, па ја претстави пред мајка си: „Оваа ќе ти биде снаа”.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
- Немам невидливи пари. Вие како трговци не ќе имате никаков ќар од мене.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)