ја (зам.) - додаде (гл.)

Затоа, слушалката само ѝ ја додаде на Јана. - О! Здраво Ѓорѓе!
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Дали ќе помислите дека зборувам нешто необично ако на бројот на Хичкоковите заслуги ја додадам и онаа дека беше комерцијален уметник?
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Им соопштува на свој начин дека дошле даскалиците од Охрид и дека вечер ќе даваат претстава и кои се цените на местата, та иде и до најинтересната новина од денеска која сам си ја додава, разбирајќи дека: на некое момче од Марул му избегала невестата и запиња повеќе од секогаш: — Денеска на пат за Прилест загинала една млада, бела, калеша, убава невеста од Маруууууул!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)