ја (зам.) - допре (гл.)

Но кога наврте на долот, на пет шест стотина метра од чуката, од растот испадна војник со пушката на готовс и громко извика: — Теслим, бре ќерата! — и просто му ја допре цевката од пушката на Милана в гради.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Овој кај чаушот, та дојде и до јузбашијата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ене сум јас, извикувам, ене сум, залепена метална плочка врз мермерот која не ќе можам да ја допрам.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Авионот ја допре земјата токму кога дисплејот над седиштето покажуваше дека сме на две илјади и шестотини метри надморска височина и тоа беше уште еден знак дека сме живи и здрави поблизу до ѕвездите а ние веќе си знаевме од домашните политички пароли дека и сонцето е ѕвезда.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Кога ќе ја допрете амебата таа се собира; таа чувствува, не зборува, но чувствува.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Влезе, ја допре скалата до шупата и се покачи. Лесно го дофати парчето и се врати дома.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Ниту да ја допре. Камоли да ја дофати.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
И токму кога сакаше Филозофот плочката врз првиот збор да ја залепи, да ја допре, па и тоа последно, а прво во текстот зборче, јас што се вика, верно да помине во умножението, ровја од ведро небо удри во врвот на планината и силен блесок видот ни го помрачи на сите; и потем земјата ужасно се затресе, и се тресеше долго; ужасен облак од прав се крена и сосема се замрачи небото, и сонцето на него се зацрни како точка црна, како јагленче, како црн пајак вознемирен кому некој мрежата се обидува да му ја раскине, да му ја помести, да му ја ороби, да му ја украде.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Кога го осветли со свеќата, Филозофот отстапи чекор назад, ме фати за раката и рече: внимавај, да не ја допреш пајажината, да не се заплеткаш во неа.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Таа ми ја допре раката - допир на кожа - промрморе дека сѐ е во ред и дека минала и низ полошо.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Малото полека го спуштив во водата и тоа преташе весело, а таа, со клатење налево - надесно, се преврте на грб и со едната нога го јавна овој нејзиниот, па се исплашив дека ќе му напукне бутна коска и им го подадов Барбариче... и, кога првата капка ја допре, таа веднаш го прострела со поглед и навежбаниот се исправи, го грабна детето и го свитка во бањарка.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Дај ми знак низ пукнатината ноќна недофатнината да ја допрам.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Сега му се одолжувале на покојникот за прикаските со кои ги обогатувал во Кукулино во претпразничните ноќи или во празничните попладниња и брзале да бидат мудри како што бил тој некогаш.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Со тага ги гледал лицата на жените во црно и под црни забратки, бледи и издолжени месечини на црно небо, меѓу црни облаци и над црна земја; како под заповед клекнале и ја допреле со чела камената плоча со голем крст, поголем од крстовите на соседните игуменски гробови.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се буткале, секој да се наднесе над него, некои од помладите да му ја допрат со усни десната рака, чиниш тој внимателно ги слушал и ги следел со малку накривена глава и подотворено око кон своето воле под дамкав габер; суро живинче слично на изгаснато суштество.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Над заедничкиот гроб на момчоците што пред три години ги заклале преостри јатагани, неколку мајки, како и секогаш во претпразнични ноќи, доаѓале со свеќи да се молат за синовите, најмладите светци во стојбината.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ја допрев со прсти болката во слепоочниците и ми се стори дека врвовите на пораснатите нокти ја минуваат коската и растат зад неа криви, непокорни и готови да искинат сѐ што е во мене, и жиличе и мисла.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ако ме заборавиш Вечерва месечината е со чудна боја... а нејзината сенка ѕирка низ мојот прозорец... се обидувам некако да ја допрам. чинам ако ја допрам ќе сум блиску до тебе... зошто толку си ми далеку, колку ѕвездите .... како една најубава ѕвезда која ме мами...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Ако случајно ја допреш, видиш, почувствуваш... врати ја во моето мало катче на моето постоење, Делот од мене кој го зема со себе а мене толку ми е потребен...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Ја допре нежно за рамото, полека приближувајќи ѝ се: „Она што сега во моментов го знам е дека ти си прекрасна и дека сакам да те бакнам.“
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
„ Да“, рече тој. „Им се допаѓаше да си ја допреш шапката пред нив. Тоа беше знак на почитување.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Штом ќе ја допреа на кој било начин таа тема, покажуваше способност за голема прецизност.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Му го опиша, како самата да го видела или да го почувствувала, вкочанувањето на телото на Кетрин штом тој ќе ја допреше, начинот на кој таа како и понатаму да го оттурнуваше со сета сила дури и кога нејзините раце беа цврсто обвиткани околу него.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Трифун внимателно ја допре за раката Чана, надевајќи се дека таа ќе го упати на вистинското место.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Ја запомнив по чувството во кое ја сретив, блиска како љубовта во тебе што ми згина не ја допрев, а во мене се сви и ми го вети на небото звукот, кога тоа умре, а не мина.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Да мижам значи сета слобода на гледањето да ја препуштам на моите прсти таму кајшто душата се сместува бесшумно, како во име и излегува надвор да допре и да ја допрат.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Миграции Наведнати за да ја допреме со рацете, со очите, со думата тонеме во безсознание сѐ додека не се привикнеме на агонијата лепливо индиго на амнезијата нечитлив препис акутна миоптија мултиплицирани глетки сѐ додека не почнеме да наѕираме тихи обриси да насетуваме смисла а таа, пес бездомник куче скитник шуткана натаму-наваму зависно од традицијата од стомакот во гушата, во душникот аурата, срцето долж стопалата по врвовите на прстите, ко подноктица сателитска антена inter-link, inter-face нешто невидливо нечујно светликаво мрачно мазно бодликаво нешто кое држи до себе и до слободата за да може да влегува и да излегува кога ќе посака, да лунѕа севезден ни таму-ни ваму разбиена идеално дома, не-дома таа, а не-таа своја, а не-своја секогаш кога ќе се разместат фигурите ќе се затнат вентилите огништето се згаснува наидува поларен студ - 51° Целзиусов пука филмот прскаат шавовите напукнуваат ѕидовите се прецртуваат границите се митари митот!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Се трудев значи да не ја допрам кај Вртанов онаа позната жичка на вознемиреноста.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Шета околу мене. И со рацете можам да ја допрам!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
„Не си ми рекол баш ништо“, царот ја испружи својата тенка рака за да ја допре блескавата хартија и костурот на направата што личеше на птица.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Потоа, за да не ја исплаши, само нежно ја допре до крилцето, за да ја разбуди.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Разбуричка по старите работи и пронајде пепелав фустан, скоро како нов, што го носеше пред да биде расипана од агрономот во гаковските угари. Споменот ја допре како студен здив.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Се плаши да го допре со прст... Се плаши да ја допре и карпата...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Сега можеш да ја допреш срната на твоите усни како магија како сонлив цут како подадена рака.
„Чекајќи го ангелот“ од Милчо Мисоски (1991)
Се приближивме до креветот и со страв ја допревме. Таа не реагираше.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Сите сакаа да ја допрат со рака лузната на моето рамо.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Мамо, - ѝ се доверив, - јас еднаш, божем случајно, кога стоев крај неа на хорската проба, ја допрев со рака.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Со векови таа го чекаше да се покаже зоографот а кога сфати дека тој е безнадежно отпатувал таа само ја допре неговата четка обесена на ѕидот и некаде пладнето крај неа оживеа русокосо момче со пеги на лицето.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Кога ја допре за половината, таа брзо го фати за лакотот, како да сака да го сопре, зашто го разбира и премногу добро.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Но, само што ја допре кваката од влезната врата, таа се претвори во злато.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)