ја (зам.) - есапи (гл.)

Често бидува Преспанецот да потпевне на чардакот некоја стара и мераклиска - не мора да е баш преспанска ама секако да е натопена со роднокрајна тага: од кога е ставена чатијата на куќата Преспанецот си ја есапи песната за барјак развеан на чардакот а самиот во себе си вели дека е барјактар не да речеш за фалби или за нешто друго, ами отшто секој барјак си има и свој барјактар.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Татко уште си ја есапеше својата позитивна варијанта дека двете балкански не на Балканот против советската империја (едното не на Тито за Сталин и, сега, другото не на Енвер Хоџа за Хрушчов), можеби ќе го означат спасоносното да за да се нормализираат југословенско-албанските односи.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)