ја (зам.) - загрозува (гл.)

— Името е машко, вели, но сопственикот е жена, вели, накај осумдесет носи на душа, вели, кое судии, вели, кое управници на логори, вели, кое по некое ѓубре како тебе, вели, но нашите убиства не ја загрозуваат државата, вели, вие со една парола ќе го кренете народот, вели, не може да си ја затвори устата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Но, кој би ја открил таа средна состојба?
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Се предвиде и дополнителна обврска за работодавачот кој мора веднаш, а најдоцна во рок од 48 часа по настанот, писмено да ги извести органот на државната управа надлежен за работите на инспекцијата на трудот и претседателот на синдикалната организација, односно синдикалниот претставник на репрезентативниот синдикат или претставникот на вработените таму каде што нема синдикат и претставникот на вработените за безбедност и здравје при работа за секој смртен случај, колективна несреќа и повредите при работа кои предизвикуваат времена неспособност за работа повеќе од три работни дена и за секоја појава која претставува непосредна опасност и ја загрозува безбедноста на вработените при работа. (чл. 8 од ЗИДЗБЗР/окт.14) 84 Закон за безбедност и здравје при работа, Сл. весник на РМ, 92/07.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Најнеограничената слобода на вероисповед е за мене толку свето право, што ми се чини дека зборот толеранција што тоа право го изразува, е на некој начин тирански, бидејќи постоењето на авторитетот што има моќ да толерира, ја загрозува слободата на мислење веќе само со тоа што толерира и исто така би можел да не толерира.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Мирабо (Mirabeu), говор во собранието 22. август 1789 СРЕДНА СОСТОЈБА Доколку некој ми покаже средна состојба меѓу целосната независност и целосната потчинетост на мислата, во која би можел да се надевам дека ќе се одржам, можеби таму би се поставил. okno.mk | Margina #32-33 [1996] 88
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Се разбира, некои гејови и луѓе што им се благонаклонети реагираа со поддршка и со ентузијазам, но многумина други приговараа дека сум бил непромислен и провокативен, дека сум ги ставал геј- мажите на лош глас, сум продавал стереотипи со тоа што сум имплицирал дека геј- мажите се различни од стрејт- мажите, дека сум ја изнесувал лудата идеја дека постои нешто што се вика геј- култура и дека е различна од стрејт- културата, дека сум ја потврдувал хомофопската претстава дека геј- мажите „врбуваат“ стрејт- мажи да се впуштат во „геј- стилот на живеење“ или дека сум ѝ давал на верската десница оружје со кое ќе удри по нас, а со тоа сум ја загрозувал борбата за граѓанските права на лезбејките и на гејовите.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
4.  Намалена работна способност постои кога осигуреникот, со нормален работен напор што не ја загрозува неговата здравствена состојба – повеќе не може, со полно работно време, да работи на работното место според кое се оценува инвалидноста (поранешен чл. 41, ЗПИО кој тогаш беше во сила).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во случаите кога на донесувањето на решението му претходи утврдување на фактичка состојба, Фондот е должен да донесе решение најдоцна во рок од 45 дена од денот на поднесувањето на барањето (чл. 140, ст.1-2 од ЗПИО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)