ја (зам.) - заобиколува (гл.)

А јас не ја испуштав од погледот Јана. Следев како ја заобиколува мермерната плоча што ја нагрдуваше позлатен натпис и како си го штити лицето од поткршените багремови гранки што веројатно ќе му бидат единствената сенка на мртвиот поет во летните горештини.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
И, не можејќи да ја совладаме, или ја заобиколуваме или ја измислуваме.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Прострев моето под ситниот дождец, за да го ороси, па тие лесни капки се разлеаа по него како ситни солзи , тркалајќи се удолу, покрај носот, ми ја заобиколуваа устата, низ брадата па сѐ до вратот, каде што како река течеа, се слеваа една до друга.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Колоната свртува лево, ја заобиколува карпата, се дели на три и тргнува на три позиции.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
А кога ги избегна опасностите од гранките, неколкупати, како да бара цврсто парче земја, Јана потскокнуваше од облак на облак по своето високо небо.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)