ја (зам.) - запамети (гл.)

Дојдена беше да нѐ исправи на нозе, да ни помогне, да нè израсне, моравме да ја запаметите по добро иако не ни беше ни мајка, ни тетка, ни подалечна ни поблиска роднина, беше жена со благородна душа, со златни раце, со волшебно срце.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Црквата Света Богородица велат е обновена, но не таа што како дете сум ја запаметил.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
„За да ја запаметат и тие слободата!“ велеа жените кои одеа со раширени раце како да врвеа по жица плашејќи се да не им избега земјата од под нозете.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Среќа што се сетив на неа, споменувајќи си на тоа кога бев мал и кога дедо ми Баџак, исто како сега мене Бреза, го терав да ми ја кажува безброј пати за да ја запаметам.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)