ја (зам.) - запрета (гл.)

Очекуваше дека ќе ги најде повеќе, а ги имаше само неколку килограми, ги извади сите нив, во сламата веќе немаше ни едно зрно и тој тогаш ја запрета дупката во подот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
„Зошто да ја запретам“, му велам јас, „варта си е добра, како маст е!“
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
„Абре, Симон“, ми вели, “ти се исушила варва. Што ја држиш дупката отворена, што не ја запреташ?“
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Константин З , кој го презира и Скопје и Битола, и сите градови на новите предели, за оваа касаба, лесна за техничка обработка, има поеднакво и неподелено мислење, па го гледа командантот со празен поглед, технички заблагодарувајќи му се на предварителната покана што брзо ја запрета и ја отфрли меѓу неважните податоци во свеста. 
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)