ја (зам.) - засака (гл.)

Гајдата ја засака уште како дете и не се делеше од неа; кога порасна свиреше на свадби, на веселби, на гости, на свршувачки; свиреше со љубов, со возбуда, заносно, поттупнувајќи со нозете под ритамот на свирката; ги надуваше образите, ги напнуваше вратните жили, мрдаше со прстите по дупчињата и испушташе весела или тажна мелодија спрема песната и расположението; со своето чудесно свирење некому му ги лечеше болките, а некому му ги доразрануваше.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Другата мајка, ако се реши татко ти пак да се ожени, како таа што ве родила нема да може да стане, но може пак да биде многу добра и да ја засакате, зашто ќе ве гледа, ќе ве подига во добри луѓе.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
И вториот: Веќе два пати за мене животот има завршено: еднаш, во 1945 година кога татко ми повеќе не можеше да ми овозможи да продолжам да учам така што морав да ѝ се вратам на земјоделската работа којашто не успеав ни да ја засакам ниту пак на неа да се навикнам и, вториот пат, кога почина жена ми оставајќи ме како чкор в планина по кого што никој жив не ќе се наведне да го земе за макар каква употреба ама јас и сам си го имам кабаетот зашто немав пари да му го платам лекот за да си ја излечам женат на Војаната, душманиот на мојот татко заедно со оној Трајка Казиовски од Ливаѓе и сега и мои душмани.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Така изгубив еден добар пријател, првата книга што ја засакав.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Не само што се обогатив тргувајќи низ оваа земја, туку јас, се колнам во очите, и ја засакав како ниедна друга.”
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
„Сакам да ја сакам, ти велам. Тамбурата е ваша, сакам да ја засакам и да свирам на неа.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Кога лежеше сам, напнат од несоница и загледан во вжарениот врв од цигарата, не ѝ веруваше, патеше, можеби не зашто не можеше без неа и не зашто можеше да ја засака повеќе од првата.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Општеше само со рацете, а својата работа ја засака како ниеднаш дотогаш. Тука го запозна и него.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Истовремено, со самото тоа што ја засака неа, па еве таа стана и мајка на неговото дете, значи дека тој не е опседнат со сето што се наоѓало во тие мрачни умови.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
- Запознај ја својата татковина за да ја засакаш. - Па, ја запознавта ли, ја засакавте ли? - Уху, од Стење до Пчиња и од Ќафасан до Девебаир.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Кога ќе му дојдат другари - ќе има другари и другарки како во Кочани - ќе можат да седнат дури и на подот - баба му даде сосем нова черга... ќе има другари и другарки... ќе има... ех, Јана... срипа, ја отвори последната фиока и оттаму го зеде албумот... милата Јана... ја засака како сестричка, пред да се роди Мими... еве ги заедно во забавиште, на приредбите во кои учевствуваа, еве ја и последната - збогум забавиште мило - заминуваме на училиште!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Треба ли тоа да значи дека ти си ја засакал таа жена? (Се обидува да се соземе од пијанството.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Добро. Тогаш прими еден пријателски совет: ако си ја засакал - остави ја.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Многу ја засакав и ми се чинеше дека и таа ме сака.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Ја засака Злата и не можеше без неа. Постојано беа заедно.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)