ја (зам.) - зацврстува (гл.)

Не морав веќе да се кријам, па се приближив и видов дека даската е светлокафеава, мазна и светкава, како премачкана со лак.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Како што фирмата стекнува знаење така таа ја зацврстува својата убеденост во некои претпоставки а отфрла некои други.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Едниот со шрафцигер ги затегнуваше синџирите на горниот дел од лулашката, а другиот ја зацврстуваше новата даска.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ја зближуваше со нив не само заедничкиот албански јазик, етничката припадност, туку и судбината на заминувањето, а со различните вери, само си ја зацврстуваа љубовта кон заедничкиот Бог што постоеше во природата на Мајка.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Живеејќи и судирајќи се со самата револуција на Ататурк, во нејзините пресудни периоди, а понесен од своите младешки идеали, лишени од секаков конјунктурен компромис, од секакво профитирање од состојбата во која се наоѓав благодарение на високата позиција на Фетхи-беј Окијар, јас во себе ја зацврстував аргументацијата дека револуцијата на Ататурк за лаицизација никогаш не ќе биде докрај успешна и целосна доколку не го опфати и муслиманското население на Балканот.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Сфатете што значи тоа за вас: растете, закрепнувате и сѐ повеќе, од ден на ден, созревате и ја зацврстувате блискоста меѓу вас, другарството. . .
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)