ја (зам.) - извлекува (гл.)

Автобусот пристигна. Секој од учениците од депото на автобусот ја извлекуваше својата торба.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Лесно се наведнува над неа, ѝ подава рака и полека ја извлекува од снегот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тогаш ќе се има можност да се види оти нашите интереси се така сплетени со нивните што со загубувањето на едните губат и другите, а сета полза од нашето непријателствување ја извлекуваат трети, ќе се рече, малите балкански држави.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Едната нога му се држи само на ногавица. Ја сечат ногавицата, ја поттргнуваат и ногата му ја извлекуваат сосе алати.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)