ја (зам.) - издува (гл.)

Циљка, со испупчени усни дува. Ја издувува прашината, а потоа долго го гали со погледот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ги менуваше брзините барајќи ја соодветната и ја молеше да издржи барем до врвот, а потоа по удолницата белки ќе ја издуваше пречката и со порамномерен ритам ќе ги довлечкаше до дома.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Ја издува прашината, со растреперени прсти ја одврза врвцата и на маса почна да реди пожолтени исечоци од весници.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)