ја (зам.) - изостави (гл.)

За Албанија сметале дека би можеле да ја изостават „поддршката на комунистичкото движење“, но повторно истакнувале дека е тоа „единствениот елемент на отпорот којшто им предизвикува проблеми на Германците во Албанија“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Но како да ја изоставиме и сегашноста?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Таа не знаеше дека оригиналното презиме било Адамовиќ и дека Милан, во своите први денови во Америка, од ова презиме ја изоставил наставката ”овиќ” и од незнаење ја испуштил буквата „с“.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Исто така, и во поглед на Грција, британската политика се наоѓала во „пат позиција“, бидејќи сметале дека веќе не можелеи натаму да размислуваат „за бојкот на ЕАМ и ЕЛАС во Грција, бидејќи на тој начин, во сегашниве услови, тоа би значело отфрлање на договорот постигнат по толку години со кој ЕАМ и ЕЛАС се смирија со Грчката влада, а исто така повторно би ги натерало да преминат во опозиција и изолација, пред да се стави на тестирање нивната искрена верност“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)