ја (зам.) - исклучи (гл.)

Еден студен зимски ден, Џ дозна од маалската алапача Мара дека неговите гладни соседи ја исклучиле струјата во зградата за да се нагостат со пингвините.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Но јас ја исклучив како примарна кариера.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Тој не ја исклучува можноста Македонците да добијат „автономија или независност“ и со примена на вооружена сила.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Веројатно и на љубовта. Неа не можеш да ја исклучиш.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Едни ја исклучиле струјата во викендичката во Бестрага, а оној што чита 10 месеци му пишувал киловати по паушал и го задолжил за неверојатна цифра, па извршителот му дошол дома да му наплати со седечката гарнитура и витрината заедно со телевизорот.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)