ја (зам.) - испие (гл.)

- Парите бе! - Пшт... Чекај, чекај малку да си ја испијам чашава, па лесно ќе се расправам со тебе. Сите брвнаа да се смеат.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
- Јас што ти реков?... Почекај... Еве седни овде дури да си ја испијам чашава.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Тој ја зеде чашата и ја помириса. Пијалакот стануваше не помалку, туку сѐ поодвратен со секоја голтка што ќе ја испиеше.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Речиси сам ја испи водата и, откако тоа го стори, со сета сила го фрли шишето низ прозорецот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Чашката ракија Никодин не ја испи, едноставно само ја истури низ грлото.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Како што тој ќе ја присегне раката така жена ми му принесува друга чаша со вино и како што тој ќе ја испие така потечуваат матни загадени води што го преплавуваат Балканот.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Веднаш знаев оти овој пат смртта се престорила во мојата сенка, а јас сенката си ја испив.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Ја испи чашата вода, што таа му ја донесе кога дојде да ја прими нарачката, и сега беше жеден за кафе.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
ТЕОДОС: Крлежи, крлежи, пијавици! Крвта ми ја испивте!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
ГЛАСОВИ: Чорбаџи Томче!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Но отпрвин пуштете ме да ја испијам сета роса од пајаковите лулки во шумата.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
И така, една ноќ спроти Вртолум, кога ја испија со Лоте, и со ветеринарот Скрез и последната чаша за длабок сон, и кога излегоа надвор да си одат, Бандо чу како некој со копач му удира на ѕидот од куќата; на Бандо му мина гром низ телото, му удри крвта в глава и повторно му се врати оној некогашен страв во него; срипа како ѕверка; ја грабна пушката и излета во мракот надвор; свика кон сенките што се тетеравеа крај куќата и пукна; некој офна и падна; стрчна жена му од Бандо, стрчнаа соседите и ги поткасаа бузите: го видоа Лото струполен крај ѕидот; го кренаа и побрзаа да му ја запрат крвта.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Жедни се пипалата на таа тревка. Ќе ти ја испијат крвта.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Ќе се обесам на камбана за да заборавам дека од твојот мозок жугнува пиревина.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сака, ете, да си ја стави извалканата шепа врз секој негов најнов цртеж, за да изгледа како печат; сака да лизне од секоја чаша млеко што Зоки треба да ја испие – но кој му дава!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Питома само кога заспивам, инаку дива првата рана ко ноќ бессона ја испив зборот беше крив излечи ме од него и дојди ќе биде доста да ти простам.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)