ја (зам.) - испружува (гл.)

Еднаш месечно го правев оној питачки гест – ја испружував раката за во неа да добијам од брат ми пари за живеачка.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ноќите стануваа поинакви, во нив тишината се згуснуваше и мислев дека ќе ми проговори.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тогаш мајсторот полека ја испружува раката и го прави изнудениот потез со пионот за едно поле пред кралот, зашто тој е решителниот потез во неговата шаховска кариера.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Се кревам на прсти. Ја испружувам рака. Уште половина метар.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Ја испружува раката до масата.
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
„А како би требало да реагира?“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Мајсторот, веќе покорен на судбината, ја испружува раката да го направи тој потез, но токму во моментот кога треба да ја фати фигурата, погледот му се слизнува на другата половина од таблата и тој нагло си ја прибира раката.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Доктор Гете (кој тогаш, на пример, пред една пациентка, која бесцелно се движеше по собата не застанувајќи, ја испружуваше својата рака попречувајќи ѝ го патот, а таа се наведнуваше, совладувајќи ја така препреката, и продолжуваше брзо и бесцелно да чекори по просторијата) одговори: „Мојата цел не беше да натерам некого да се запраша зошто го правам ова, туку зошто пациентката реагира така како што реагира.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)