ја (зам.) - истрга (гл.)

Ќе ја истргаме постелата од под жените и ќе им викнеме да излезат со кренати раце.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И, туку наеднаш, нешто ми ја истрга земјата од под нозе.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Малку подалеку стои Петре и наместо да му притекне на помош да ја истргаат штицата, тој ѝ се чуди на силата што на Вангела му се крие во рацете.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
По малку време, пак викна, и јас ја истргав втората кофа.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Земи кофа, кога ќе ја наполниш, јас ќе ја истргам нагоре“.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
По некое време викна: „Тргај ја кофата!“ Ја истргав и ја фрлив земјата.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
„Ама, доста бре, празни муабети!“ свика онбашијата и луто ја истрга сабјата.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)