ја (зам.) - исфрла (гл.)

Точно беше ја измерил Никола длабочината и правецот и тие веќе за десетина дена ги изнесоа парчињата од ќунците и удрија на калдрмисаниот ѓериз доволно широк да може човек помешечка да се провлече стотина метра надолу.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Погледнав во гробовите - ужасно: вода, и тоа каква вода! Сосем зелена и... па што натаму! Секоја минута гробарот со црпка ја исфрлаше.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Овој пат во третата класа погребуваа едно шестмина, меѓу нив генерал и госпоѓа.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Америка полека се вселуваше во мене, понекогаш го прифаќав нејзиното состанарство со благодарност, понекогаш налутено ја исфрлав надвор. Оваа книга е за сето тоа.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Трајче ја обеси ламбата на ѕидот и тие почнаа да копаат. Мајка му копаше, а Трајче ја исфрлаше земјата.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
И де ќе се појави во навалицата, де ќе ја снема во витлите, во дувалата и пак да ја исфрла на суво.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Така почнаа. Ноќе копај во ќошот, со разни парчиња железа што им беа доставени од луѓето на Организацијата, полни ги ќесињата што ги направија од своите крпи за лице, а дење турај ја земјата во клозетите, која водата ја носеше надолу по ѓериз и ја исфрлаше во Драгорот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)