ја (зам.) - клоца (гл.)

И колку таа го стегаше со коланот за да не е упадлив, тој при скокањето уште повеќе ѝ се испакнуваше, а чувствуваше како и зародишот игра во неа, ја клоца со нозете, мава, лутејќи се што го стега.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Војничето се лутеше и,пцуејќи гласно и навредливо, ја клоцаше по мевот.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
По раката ме удира срцето. Ми ја турка раката, ми ја клоца. Ете, што било.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се заклучив. Удираше по хауба. Ја клоцаше колата.
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
Палто нивно да најдам, палтото ќе им го удирам, загината капа нивна да најдам, капата ќе им ја клоцам, ќе им ја газам...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ја креваш, ја клоцаш, ама не се јавува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Александар секогаш се смееше кога го гледаше ЦД – то каде што Мартин и Александра шетаат низ Берлин, иако Мартин ја клоцаше топката за некој клуб во малечко градче на границата со Данска.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)