ја (зам.) - криви (гл.)

Место да мирува како другите новаци, тој сѐ некако се врти, се чеша, ги врзува ремењето на опанците или врвците на чорапите, го крева нарочно отпуштениот кондил и сѐ главата ја криви накај клупата во која седи девојчето.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Одам и се обѕрнувам, ја кривам главата наназад.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сега не ја кривеше главата. Исчекуваше. Подот под еден од болничарите закрцка.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)