ја (зам.) - кутне (гл.)

Ѓувезија Дубровска ја фати за рака и се обиде да ја исправи.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
На излезот од грнчарницата ја удри некој топол воздушен бран што ѝ помина по коските како земјотрес. За малку да ја кутне, да ја онесвести.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
И овој пред сите ја грабна Милка за прцле и ја кутна.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Сосема ги бев изумил станарите на мојата топола. Не е случајно тоа.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Морам да признаам дека не бев размислувал доволно кога одлучив да ја кутнам тополата за да имам материјал при преуредувањето на воденицата во викендица. Изгледа заборавив да ја кренам главата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ја кутна еден војник под колена и зеде да ја удира, да ја гази.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Неќу кавга ни ѓурунтиа дури повелам јас овде! — викаше Толе во секое село кога ги собираше селаните да ги расправа нивните меѓусебни препирки.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)