ја (зам.) - легне (гл.)

Ја кренав в раце и ја легнав на душекот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
И дадов една по муцка и ја легнав.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кладе една рогузина на душемето и ја легна мајка.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Го привлече блокот со зелена хартија кон себе (Таа не му даде отпор...), го смести пред себе (Ја легна женската!...) и го отвори (Ѝ влезе меѓу нозете...) кревајќи го капакот и внимателно подвиткувајќи го да стои легнат на масата на спротивната страна.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
„А дали втаса да си помислиш што претставуваме ние за тие мали гадинки?“ ја прашував додека ја користев нејзината збунетост.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Мајка стана, ја потфати под мишки, лесно, чиниш се плаши дека ќе ја разбуди, ја подигна и полека ја легна на широкиот кревет. Јаболковина мириса перницата, на печена круша и дуња мирисаат веленцињата; на пресен леб штотуку изваден од фурна, мириса целата одаја.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Кога завлегоа длабоко во пченките и кога тој сиот возбуден ја легна и таа почна да се слекува, од ципите па сѐ до папокот се откри густо црно крзно како од куна.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)