ја (зам.) - лиже (гл.)

Кога крилјата се подготвени за летање бргу се долетува до гнездото на сопствената болка од сопствената шака си ја лижеш изгубената радост и ја ишкаш смртта од струните на виолината ноќни сенки излетуваат од акордите на вердиевиот реквием и им ги бришат челата на публиката лачени ноти скокаат низ историјата и се потат во чевлите на диригентот звуците на животот како лилјаци се удираат од ѕидовите на вечноста од суво усте лушпе ореово се разлева кон реката вердиевата чаша вино отаде реката последна причесна и школки на суво - на клапнатите музичари им намигнуваат.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Потоа ме натера да го мавам месото со еден сплоснат чекан, од кој тоа се сплескуваше и уште повеќе мирисаше.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Се слекоа и тука, пред нас, почнаа да си ја лижат потта, да се поганат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Маци мирно ја лижеше мојата чинија која наместа имаше розова боја.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)