ја (зам.) - мажи (гл.)

Потоа пак зел да брои жолтици и пак откако изброил рамно сто, пак ги турнал пред стрика Никола; Овие, рекол, ви ги давам за кô ќе порасне Драганка и за кô ќе ја мажите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Се обидувала првин да го убеди својот маж, вујкото на Ервехе, да стори сѐ што може нејзината Ервехе да не ја мажат пред време, да ја испратат да учи во Италија, имаше каде, ако не другаде, тогаш кај нејзиното семејство во Рим.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
А старецот си излезе, оддалечи, мислејќи, за кого да ја мажи друг. Ој, кутриот?
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
КАТА: Вистина така е, ама таа е веќе голема, што се вели зборот, утре ќе ја мажиме, пак треба да разбере. (Влегува Софре.) Што направи?
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Сега знае дека не смеат да ја мажат, оти по првата брачна ноќ сите прсти би покажувале на нив, на децата на нечестивиот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)