ја (зам.) - мени (гл.)

Есента веќе се јави на прагот. Буката во Лигураса за една ноќ ја мени бојата од зелена на жолта, градините одамна се „испуштија" и мажите ги качија прачките (бобовици) по врбите да презимуваат, за напролет пак да ги накачат граовите.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
„Добро е“, рече богословот. „Ја мениме скалата на социјалната статистика. Двајца селани повеќе.“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
И ја менат својата облека како змијата што го чини тоа. Ноќе.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Ќе те турчи!... Верата ќе ти ја мени!... Во харем ќе те затвори и ќе те забули!... Каде полошо од тоа!...
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
ИЛИЈА: Што ли сакаш, да се погрчам, да си ја менам народноста моја?! Та јас не се срамам од народноста моја.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
За пусти пари и народноста си ја менуваш. Уште малку и неа ќе ја мениш. Турчин ќе станеш...
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Само да ја мениш верата, тие ќе бидат твои. И сѐ друго што ќе посакаш, ќе ти купи.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Новиот Турчин тогаш рекол: - Е, граше, наше, верата ја менив, а тебе не можам да те менам!
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Ќе ја менам верата и ќе се потурчам. Турците јадат баклава, татлии, локуми и се гостат со слатко и благо.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Но кога во востанието изгинаа безброј луѓе, селаните решија да ја менат носијата: во знак на жалост оттогаш па сѐ до денешен ден тие носат сосем црни облеки, а бели им останаа само кошулите.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Не верувам дека човек на безден, на безгодина може да остари, да си ја мени свеќата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)