ја (зам.) - милува (гл.)

Со раце на колена, пушката светната ледна таа ја милува благо.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Раката му оди в пазува, ја напипува сликата, таа е мазна под прстите и Соколе долго ја мазни, ја милува.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Ослободените „братушки” сега не сакаат да си ги признаат своите грешки; ете зошто изјавуваат дека тие се сите русофили, и дека го милуваат рускиот народ, но не ја милуваат руската влада, која не ги изразувала народните чувства кон Македонците и негативно се однесувала кон секоја искажана од народот симпатија кон нив.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Вера не се иставаше од неа. Држејќи ја со рацете за рака и ја милуваше косата и ѝ го ладеше челото со водена крпа.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Ја милува по образот – Колку си млада...
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Нејзиното вито, запалено тело кое копнееше по неговите левантски здивови и страсти, и по медитеранските бранови и пени, со топлите ветрови што дуваат на пустините, базарите и топлото море на Блискиот Исток, со еден збор страста со кои Леон силно ја милуваше, ја преплавуваше и во која потоа и самиот длабоко се нурнуваше.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Тој ја милуваше светлата свила на нејзината кратка коса, обликувана во локни според модата на времето.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Ни Чана немаше срам, туку ќе грмнеше Ми загладнело, миличкто! И ќе му ја милуваше голата глава.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Својата ќерка мошне си ја милуаше, а пустата паштерка да беше кабил во една капка вода да ја удаеше, ич ја нејќеше да ја видит, сѐ едно ја караше и ја тепаше.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Така, уште кога, по големата преселба од западниот брег на крајезерскиот град, запревме крај брегот на оваа брза река, се вселивме во една стара напуштена беговска куќа што ја милуваа сенките на четири мамутски тополи, извишени помеѓу Дрвениот мост и старата Женска гимназија, која подоцна го доби името на Јосип Броз Тито па по последниот катастрофален земјотрес, сета растресена, беше урната иако можеше да биде спасена, и на нејзиното место беше изградено троделно здание, што потсетуваше на пагода, во кое беше сместен Централниот комитет на Комунистичката партија, сѐ до нејзиниот пад.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
„Сѐ уште не, принцезо“, ѝ рече, плескајќи ја по образот со најголема нежност која некогаш ја почувствувала. „Сѐ во свое време“.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Додека ја слушаше, докторот со прстите ѝ ја милуваше косата, ѝ ја местеше перницата за да може подобро да дише, ја водеше низ лавиринтот на нејзината несигурност со мудрост и нежност за какви што никогаш не ни сонувала.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Јоше оди пред мене и само погледнува во гајдата. Ја милува, ко дете.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Нејзе ѝ ги подгорува крилјата, мене ме гламносува. Ја милувам по главата, а косата ѝ испаѓа, небаре коноп од под гребен. Ја викам Уља.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Кај се сега оние раце нежни што книгана отворена ја милуваа Зад прозорот веќе тивко снежи и снегулки босоноги претрчуваат Кај се сега овие раце бледи толку книги во есента што затворија Зарем веќе над новите редои надвесени занесено се уморија Кај се кај се Јас ги чекам чекам над книгата напуштена да затреперат Но место нив сосем сосем леко по листојте зашумува само ветрот Рацете ги нема нема нежни Прашањето в грло ѕвони испокинато Одговорот надвор снежи Снегулките тажат по нив непрекинато.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)