ја (зам.) - навреди (гл.)

Најарно да молчи овде, да се притаи дури не си излезат, инаку како би можел да ја навреди неа, да ја избрка ли, да ја скара, да ѝ се развика?
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Во нашиот отсек само јас бев партијка, освен шефот Кузе.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
„Ве молам, кога ќе се врати Луција на училиште, внимавајте малку на неа; знаете, таа е во еден вид депресија; мислам дека тешко се снаоѓа; некој од класот ја навредил со некое ливче-шеталче по класот и напишал нешто недостојно за неа; замислете, има луѓе кои и тоа го прават, па за жените пишуваат гадости; не се сите како Вас па да им испраќаат рози во песни“;
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Еден ден Добрила нешто ја навредија, па таа налутено му се врекна на еден новопромовиран шеф: До вчера се криевте по шифоњерите, а сега ќе ми солите ум.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Штом татко ти загина, сабјата твоја повторно ја прероди Река ко пиле што пиштела в орлови нокти, во која Гега ја навредил сека домакинска куќа...
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Дека ја имам само песната, дека се плашам да не ја навредам нејзината младост, дека имам само една тврда надеж: најголема близост е страдањето за двајцата.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)