ја (зам.) - намалува (гл.)

Возот видливо ја намалува брзината.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
Нов резок пискот на локомотивата ја процепи ноќната тишина и ... бегалците со радост усетија дека возот ја намалува брзината.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
А сепак тоа идилично постоење не ја намалувало тагата на Рајнер.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Но за мене, то сепак не му ја намалува одговорноста на тој некој кон другио човек до или околу него, или, во случајов, човештвото.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Детето останувало во својата болка, како потопено во вода, како некоја мака да му ја притискала главата и го присилувала да потоне во болката, и само повремено го пуштала над површината на водата да може да земе здив.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ја мереше и се јадосуваше што водата, место да ја зголемува температурата, како што очекуваше, таа ја намалуваше и тоа беше знак дека нема да избие лава и да ти помогне во твојот научен потфат.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)