ја (зам.) - намести (гл.)

И дење и ноќе и под снег и под дожд и по виулица и магла треба да знаеш да ја растуриш и да ја наместиш пушката...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Татко долго време размислуваше како да излезат на крај со сложената мисија која сѐ повеќе и повеќе ги одвлекуваше во лексичкиот бескрај.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Да си ја наместиме чергата колку што ни се долги нозете? Чаре? Дали гледаш чесен излез?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Војниците ја однесоа масата на ледината и чекаа капетанот да им каже како да ја наместат. Ја ставија пред врбјакот.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Не знаев каде да се упатам. Ја извадив левата рака од џебот, ја пуштив да ми ги следи нозете, па ја кренев да си ја наместам фризурата, па повторно им ја препуштив на нозете.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Всушност јас, божем несакајќи, ја наместив средбата.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Едното веќе ја наместило фирмата на старата готварница на Паско Бачо - „Пчела“, трговија со мед, матици и трутови; второто „Турс“, патувања и посредништво, работа во Нов Зеланд; третото „Зодијак“, што ни кажуваат ѕвездите, изработка на хороскопи.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ја наместив скалата нагоре и се качив на првата гредичка.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Забележа дека ја намести устата како да ќе затруби но место тоа, место претчувствуваниот звук, чу прашање: „Не ми рековте - женет ли сте?“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
ЉУБА: И истовремено кажете ѝ, да дојде да ми помогне да ја наместам масата за послужување чај.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Така си ја наместила, ми вели.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)