ја (зам.) - нарами (гл.)

Ќе се измие надве-натри, колку да се порасони, ќе ја заврти косата со еден дрвен чешел, ќе ја позамазни брадата и мустаќите — колку да не му влегуваат во устата, — и, ако не служи литургија, ќе си го наполни големото ѓезве кафе, ќе си го испие сам и ќе ја нарами торбата со „алатите".
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ни пет ни шест, Јован ја нарами кремењарката со која одеше зиме по зајци и — испадна комита!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Борис со биноколот забележа како откон селото Будимерци се движи народ; препозна дека не се селани, ама не личеа ни на аскери.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Овчарот се изгуби, момчето што го донесе извештајот за амнестијата си ја нарами торбичката и си киниса, ветувајќи им на војводите дека нема да ги предаде на аскерот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Ја избакна пушката како Стојна и децата ноќеска и ја нарами.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И за цело време, целиот ден и ноќе, додека патуваат, сѐ истото и само тоа прашање му се врти в глава и постојано со изненадување и мачна вчудовиденост, го повторува и преповторува: зарем неговиот Васил, кој меѓу првите ја нарами пушката и со себе поведе и други, дезертирал?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ја нарами пушката, силно истри дланка од дланка, дувна во шепите неколкупати, зачекори до стеблото, се врати назад, се подигна на прсти и се обиде да погледне преку високиот намет.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Нанишанив - бум! Лисицата се тршна на снегот. Ја нарамив и право ваму.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Ги нанижал птиците на еден ремен, ја нарамил пушката како некој арамбаша, па се шета, се шепури, се дуе како набабрено зрно грав! Срамота!
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)